- Кој е вашиот најголем и незаборавен маневар во Ф1?
MSC: Имаше толку многу... Јас не можам да одвојам некој во овој момент. Имав толку многу блиски дуели. Имаше еден инцидент на кој луѓето би можело да се сеќаваат, а тоа беше кога Мика Хакинен ме престигна во Спа со Рикардо Зонта во средината. Кога ќе помислам на тоа, се прашувам што можеше да се направи? Имав заостанат болид на средината на патеката, па морав да изберам една страна да го престигнам. Другиот болид природно отиде на другата страна, дојде со голема брзина и ме помина и мене. Тоа изгледаше одлично за Мика и јас сум среќен за него...
Имав иста ситуација со Фелипе и Камуи во Монтреал минатата година, кога ги поминав и двајцата на сличен начин. Луѓето мислат дека тоа е многу посебен маневар, но тоа всушност е лесна работа за да се направи. Двајца се борат и се попречуваат еден со друг и јас сум третиот кој добива. Тоа изгледа одлично, но не е ништо посебно.
- Како се чувствувавте кога Жак Вилнев ве престигна од надворешната страна на последната кривина во Есторил во 1996 година?
MSC: Тоа беше само затоа што забавив на почетокот на кривината за да го натерам да застане зад мене и јас потоа немав добар излез од кривината. Тој ја искористи можноста да престигне од надворешната страна. Размислете за тоа каков болид тој возеше и дали имаше малку повеќе грип за да биде во можност да го направи тоа.
- Зошто толку многу се жалите на гуми од Пирели? Дали е тоа затоа што сте навикнати да имате гуми специјално направени за да одговараат на вашиот стил на возење?
MSC: Може ли да одговорам едноставно на ова прашање? Ако имаме само еден снабдувач на гуми, тогаш тие треба да се направат гуми што се добри за поголемиот дел од моменталните возачи. Тоа е она што јас се обидувам да го потенцирам. Имаме гуми кои им одговараат на поединци, а не на мнозинството, а тоа не треба да биде така. Поединците треба да имаат проблем, а не мнозинството.
- Михаел, дали се уште страдате од симулаторска болест?
MSC: Не сум бил во симулатор во последно време, бидејќи ние не бевме во позиција да го испробаме.
- Ако добете три желби на исполнување од Берни Еклстоун, што би биле тие?
MSC: Не можам да смислам нешто што Берни би можел да ми исполни. Ништо. Имам прекрасно семејство, јас сум многу среќен, парите не се проблем... Не можам да смислам ништо, освен можеби повремено ми даде уште по неколку пропусници повеќе за Ф1 падокот.
- За крај, која од вашите седум светски титули ви е најдрага?
MSC: Без конкуренција, освоената титула во 2000 година. По 21 години без успех за Ферари и пет години со мене и да не може да се освои титулата со Скудерија, тоа беше апсолутно најголемиот момент за мене и за сите во Ферари.
М.ШУМАХЕР: ИНТЕРЕСНИ ПРАШАЊА ЗА ИНТЕРЕСНИ ОДГОВОРИ, 3 ДЕЛ
10/05/2012 01:39:00 AM
0
Tags
Share to other apps