- Со оглед на сите ваши години поминати како возач, од старите денови на картингот до Формула 1, кој е вашиот најжесток ривал?
MSC: Најжесток? Мислите најтежок да се победи? Без двоумење, тоа беше Мика Хакинен.
- Што музика ви се допаѓа да слушате?
MSC: Паоло Нутини.
- Со толку малку поени оваа година во споредба со вашиот тим-колега, како останувате толку смирен?
MSC: Јас сум смирен, бидејќи имам малку поени... Имавме толку многу механички дефекти што искрено не, јас не се грижам за поените, тие се дел од играта. Верувам во момците од тимот и тие ми веруваат мене. Тоа е поважно од сè друго.
- Гледајќи назад низ вашата Формула 1 кариера, за што најмногу жалите?
MSC: Херез, 1997 година. (судирот со Жак Вилнев кој решаваше за титулата)
- Дали по својот кам-бек трениравте повеќе за да бидете во форма?
MSC: Тренирам исто како и секогаш. Јас секогаш сакам да бидам фит и понекогаш бев спремен и повеќе отколку што е потребно. Ф1 сега е побавна и помалку напорна, па е полесно да се вклопиш во овие болиди. Би ви ја кажал целата моја рутина, но тоа ќе одезме многу време... :)
- Има ли нешто што ве иритира во днешната Формула 1?
MSC: Црното злато.
- Можете да објасните малку повеќе?
MSC: Размислете околу ова.
- Дали е вистина дека кога сте биле млади татко ви го модификувал картингот на педали со ставање на стар мотор на него? И ако е тоа точно, дали навистина кога сте имале четири години, сте успеале да срушите столб со светилка?
MSC: Добро сте информирани. Така сето тоа започна.
- За време на трката, дали вашиот мозок е 100 отсто фокусиран на патеката, или твоите мисли понекогаш се "што ќе зготвам за вечера?
MSC: Повремено, мислам и на други работи. На пример, кога се движите по долгите правци во Монца, имате доволно време да размислувате и за други работи, можеби поврзани со болидот или понекогаш за нешто сосема друго. Тоа не може да се случи во квалификациите или во текот на напнати моменти во трката. Тоа се случува, кога знаете дека треба да се возите констатно, без случувања на патеката.
- Дали радоста од успехот траеше подолго кога бевте помлади?
MSC: Мислам дека тоа не е поврзано со возраста. Тоа е поврзано со достигнувањата и веднаш штом ќе постигнете нешто, тогаш вие сте многу повеќе фокусирани на следнато нешто. Прво, се тркате за победа, а потоа сакате титула...
- Сметам дека во 2006 година од Ферари ве принудија да се пензионирате и дека вие не бевте навистина ЗА во тоа време. Дали е тоа вистина?
MSC: 200 % "НЕ". Таа година на традиционалната Божиќна забава на Ферари, му ги кажав моите планови на Ди Монтеѕемоло за повлекување од Ф1 и тој рече: "Размисли за тоа повторно. Ова е понудата, доживотен договор со нас, се она што ќе го посакаш, може да го имаш, ние сакаме да останеш." Ние се уште имаме добри односи.
Тоа е она што решив тогаш и тоа е она што го сакав во тоа време. Како што реков порано, јас бев едноставно празен. Немаше енергија во мене да продолжиме понатаму и јас имав мојот "помал брат", Фелипе Маса, и јас бев среќен што тој ќе ја преземе мојата позицијата.
- Што би сакале да постигнете следно во вашиот живот?
MSC: Јас не мислам дека има понатамошни достигнувања за кои можам да зборувам.
- Дали ви недостига Маранело?
MSC: ДА. Јас одам таму повремено да се видам со Розела, која го води Монтана ресторанот. Сеуште имаме редовни контакти, но не толку како порано, но тоа е дел од моето срце. Исто така, Стефано Доменикали е добар мој пријател и така ние сме често заедно.
- Најдобар оброк што го спрема Росела?
MSC: Tagliatelle Ragu.
- Што пијалок ќе нарачате ако чести Кими?
MSC: Apfelschorle, тоа е јаболков сок помешан со газирана вода.
Наскоро следува и трет дел од Прашања и Одговори со Михаел Шумахер.
М.ШУМАХЕР: ИНТЕРЕСНИ ПРАШАЊА ЗА ИНТЕРЕСНИ ОДГОВОРИ, 2 ДЕЛ
10/04/2012 05:36:00 PM
0
Tags
Share to other apps