Квалификациите започнаа со жешко време, со температура на патеката од 41 степени, а најбрз во Q1 беше Адријан Сутил со Форс Индија. Од тие што не се очекуваше да отпаднат се Жан-Ерик Верн, кој не успеа да помине за неколку десетинки, и Валтери Ботас со Вилијамс. Жил Бјанки докажува дека е голема перспектива во Формула 1 и беше најбрз од 4-те најслаби болиди во поредокот.
Во Q2 најбрз беше Нико Розберг кој го забележа најбрзото време пред да заврне дожд во последните шест минути. Дождот ги уништи шансите на Пол ди Реста и Роман Грожан за подобар пласман, додека Пастор Малдонадо не ни излезе на патеката. Дождот, иако не толку силен запре малку пред почетокот на Q3, но патеката и температурите останаа исти.
Q3 сесијата болидите ја започнаа со интермедиа гуми, неколку се испробаа и со слик гумите но беше невозможно да се вози со нив. При финалните кругови прв најбрзо време постави Марк Вебер, за потоа како што ги завршуваат своите брзи кругови да бидат поставувани нови најбрзи времиња по ред од Хамилтон, Алонсо, на крај Ветел за секунда побрз од сите. По завршувањето на квалификациите од тимот на Мерцедес АМГ се пожалија дека Кими Раиконен го блокирал неправилно Розберг. Стјуардите потврдија дека се во право, а на Финецот му беше доделена казна од три стартни места поназад.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:49.674
2. Фелипе Маса Ферари 1:50.587 + 0.913
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:50.727 + 1.053
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:51.699 + 2.025
5. Марк Вебер Ред Бул 1:52.244 + 2.570
6. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:52.519 + 2.845
7. Кими Раиконен* Лотус 1:52.970 + 3.296
8. Џенсон Батон Мекларен 1:53.175 + 3.501
9. Адријан Сутил Форс Индија 1:53.439 + 3.765
10. Серџо Перез Мекларен 1:54.136 + 4.462
Q2 Најбрзо време: Нико Розберг 1:36.190
11. Роман Грожан Лотус 1:37.636 + 1.446
12. Нико Хулкенберг Заубер 1:38.125 + 1.935
13. Даниел RРикардо Торо Росо 1:38.822 + 2.632
14. Естебан Гутиерез Заубер 1:39.221 + 3.031
15. Пол ди Реста Форс Индија 1:44.509 + 8.319
16. Пастор Малдонадо Вилијамс нема време
Q1 Најбрзо време: Адријан Сутил 1:36.809
17. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.157 + 1.348
18. Валтери Ботас Вилијамс 1:38.207 + 1.398
19. Жил Бјанки Марусија 1:38.434 + 1.625
20. Чарлс Пик Катерам 1:39.314 + 2.505
21. Макс Чилтон Марусија 1:39.672 + 2.863
22. Гидо ван дер Гард Катерам 1:39.932 + 3.123
107% време: 1:43.585
* казна од 3 стартни места поназад