Апсолутно беспрекорна трка на Себастијан Ветел. Имаше две импресивни престигнувања, едно на Фернандо, а другото на Нико Розберг. После тоа тој доминираше на трката до финишот и успеа добро да ги изменаџира своите гуми. Неговата стратегија од три пит-стопа работеше совршено со гумите кои беа заштедени во квалификациите.
"Имав добра забава на стартот од трката, со многу блиска борба. На стартот не знаете дали ќе бидете брз или не, бидејќи болиди има насекаде по патеката, вклучувајќи ве и вас! Важно е да се дојде што понапред, бидејќи во последната трка видовме дека ако заглавите зад некого, тогаш не можете добро да ги изменаџирате гумите, а денес тоа беше важно за да се искористат заштедените гуми од квалификациите. Сакам да имам чиста патека пред мене, па јас го дадов максимумот да дојдам до првото место, а со брзината што ја имавме на средината од трката, беше лесно да се одржува водството. Добра работа на целиот тим, тука, во фабриката и особено на оние кои работеа на стратегијата денес, таа работеше како што се очекуваше, па ние очигледно ги погодивме бројките".
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ САКА ДА ИМА ЧИСТА ПАТЕКА ПРЕД СЕБЕ!!!
4/21/2013 08:31:00 PM
0
Share to other apps