Пол Хембри: "По евалуацијата на перформансите на Пирели гумите во текот на првите четири трки, ние донесовме одлука, во консултација со сите тимови, да ги модифицираме тврдите гуми од трката во Шпанија, како што направивме во Барселона пред две години, кога ние исто така, воведовме нови тврди гуми за остатокот од сезоната. Оваа најнова верзија на тврдите гуми е многу поблиску до 2012 спецификацијата, со цел давање на тимовите поширок спектар на стратегии во комбинација со другите гуми, кои остануваат непроменети. "
Во Шпанија ќе бидат номинирани P Zero портокаловите тврди и P Zero белите медиум гуми: двете најтврди гуми во палетата на Пирели, кои ќе се справат совршено со високо-енергетските побарувања на патеката Каталуња.
За Монако се избрани P Zero жолтите меки и P Zero црвените супер-меки гуми. Ова е истата номинација која се носи на оваа патека во последните две години, идеална комбинација за тесната и кривулеста улична патека.
Во Канада тимовите ќе ги имаат P Zero белите медиум и P Zero црвените супер-меки гуми, двата вида на гуми со низок работен опсег, кои се добро прилагодени на ниските температури и специфичните барања на патеката Монтреал.
Правилата предвидуваат дека во нормални околности секој тим ќе добие шест комплети од потврдите гуми и пет сета од помеките гуми за одредениот викенд. Пирели исто така, секогаш ги носи и своите Cinturato зелени интермедиа гуми за влажна патека -четири сета по возач-, како и Cinturato сините гуми за дожд -три сета по возач- за секоја трка.
ТРКА ЦРВЕНИ ЖОЛТИ БЕЛИ ПОРТОКАЛОВИ
1. Австралија Супер-меки Медиум
2. Малезија Медиум Тврди
3. Кина Меки Медиум
4. Бахреин Медиум Тврди
5. Шпанија Медиум Тврди
6. Монако Супер-меки Меки
7. Канада Супер-меки Медиум