Ако нема алкохол, важно е да се напиме!!!
Кими Раиконен со трет подиум финиш оваа сезона со второто место на денешното Бахреин Гран При. По повторувањето на минатогодишниот 2-3 резултат, Лотус се враќа на втората позиција во шампионатот на конструктори, а Кими Раиконен е втор зад лидер Себастијан Ветел во шампионатот за возачи. "Никогаш не може да сте навистина среќни, ако не победите на трката, но претпоставувам дека второто место беше најдоброто нешто што можевме да го добиеме денес. Возев на максимум и болидот го имаше темпото што ни недостигаше вчера во квалификациите, па тоа беше прилично добар резултат. Денес, немавме брзина да го предизвикаме Себастијан, но ние имавме темпо да ги донесеме и двата наши болиди на подиумот, па јас сум среќен за тимот."