Драматичнo, гламурозно и работливо.
Себастијан Ветел: "Монако е една од моите омилени пaтеки и возењето на неа е апсолутен предизвик. Не може да направите и најмала грешка, ако ја направите, бидете среќен ако таа влијае само на постигнатото време. Ако не внимавате добро, ќе завршите во бариерите. Престигнувањето е можно, но само со ризик, а најдоброто место за тоа е на излезот од тунелот, пред почетокот на двојната кривина. Ние излегуваме од тесниот тунел со повеќе од 300мк/ч и за да бидеме во прва брзина, пред кривините, и кој ќе ги употреби сопирачките подоцна, тој ќе го добие дуелот. Идеално е да имате добра квалификациона сесија и да почне од првиот ред".Марк Вебер:
Опишете го Монако ГП-то со три збора:
- Драматичнo, гламурозно и работливо.
Ако сте Ф1 фан, од каде ќе сакате да ја гледате трката?
- Лево или десно на влезот од базенот, веднаш по Табак.
Кој е вашиот најдобар спомен на Монако ГП?
- Мојата прва победа во 2010 година, еден од моите најдобри спомени на сите времиња.