Ветел и Инфинити Ред Бул го продолжија договорот!!!
Инфинити Ред Бул денес потврди дека Светскиот шампион, Себастијан Ветел, го продолжи својот мулти-годишен договор со тимот до крајот на 2015 година. Претходно член на Ред Бул Јуниор тимот, Себастијан прв пат возеше за Ред Бул во 2009 година. За време на неговата Формула 1 кариера, 25-годишниот Германец има постигнато 29 Победи, 51 пласман на подиумот и 39 Пол позиции. Тој е моменталниот Формула 1 светски Шампион и исто така трикратен светски првак, последователни Титули од 2010 година до денес.