Но, пристигнува понуда од Бери Филер, клиент на неговото семејство, да ги тестира неговите автомобили во Oulten Park. Џеки Стјуарт ги импресионирал сите, кои биле присустни тој ден. Кен Тајрел, кој бил вклучен во јуниорскиот тим на Купер, слушнал за младиот Шкотланѓанец од еден од управителите на патеката и преку неговиот брат Џими, испраќа понуда до него дали ќе сака да ги тестира автомобилите на овој тим. Џеки прифаќа и го вози автомобилот што го тестира Брус Мекларен. Мекларен во тоа време веќе беше искусен Ф1 возач, а новиот Купер Ф3 беше многу конкурентен автомобил во својата класа. Стјуарт ги надминува времињата на Мекларен, предизвикуваќи го да се врати на патеката за нови брзи кругови. Но, повторно Стјуарт беше побрз и Тајрел му понудува возачко место на Стјуарт во тимот. Тоа ќе биде почеток на едно големо партнерство кое ќе ги донесе на врвот на овој спорт.
Но, тоа се случува во 1963 година, а Џеки Стјуарт имаше уште многу да научи. Во 1964 година го вози Ф3 автомобилот за Кен Тајрел и ја забележува својата прва Победа на трка во Snetterton. Бидејќи Тајрел не се натпреварува во Ф1 во тоа време, тој следната година се приклучува како тимски колега на Греам Хил во БРМ. Својот прв договор му носи за него невројатни 4000 Фунти! На својата дебитантска Ф1 трка во Јужна Африка ги забележува и прите поениа. Пред крајот на сезоната ја забележа и својата Прва Ф1 Победа на трката во Монца. Во 1966 Победата на Индијанаполис 500 во неговиот прв обид му ја одзема скршена бензиска пумпа на осум круга до крајот трката.
Се изгледаше одлично за него до моментот кога на ред дојде трката во Спа-Франкоршамп, Белгија. Одеднаш заврнало дожд, а болидите почнале да се лизгаат по и надвор од патеката. Стјуарт, како и повеќето возачи во еден момент не успева да го контролира својот болид и завршува во ендекот покрај патеката.
Неговиот тогашен тимски колега Греам Хил вели: "Јас исто така се извртев на патеката, и за среќа го запрев болидот покрај асфалтот и тогаш го видов Џеки во ендекот со значителни болки, заробен од страна на болидот. Бензинската пумпа имаше пукнато и тој беше покриен со бензин. Имаше голем ризик од пожар. Ја исклучив пумпа за гориво, а потоа се обидов да го подигнам, но воланот ја имаше заглавено неговата нога и беше очигледно дека ќе мора да се отстрани пред да може да излезе."
Стјуарт: "Лежев заробен во болидот околу 25 минути, не можејќи да излезам од него. Греам и Боб Бондјурант ме извлекоа со користење на клучеви од кутијата за алатки на еден од гледачите. Немаше лекари и немаше каде да ме стават. На крај завршив во задниот дел на едно комбе. Конечно, со брза помош бев однесен до станицата за прва помош на самото место во близина на контролната кула, каде бев ставен на носилки, на подот, опкружен со многу пушачи на цигари. Потоа бев ставен во амбулантно возило со полициска придружба, но полициската придружба го изгуби амбулантното возило, чии возачи не знаеа како да се стигне до Лиеж. Во тоа време тие мислеа дека имам повреда на `рбетот. Како што се испостави, не бев сериозно повреден, но тие не го знаеа тоа."
"Си помислив дека ако е ова најдоброто што го имаме, за жал нешто навистина не е како што треба: патеката не е во ред, болидите, медицинска страна, противпожарните возила и тимовите за итни случаи. Исто така имаше бусени трева кои делуваа како лансирни рампи, и можевте да завршите директно во некое од дрвјата покрај патеката, незаштитени од ништо и така натаму. Младите возачи денес едноставно не го разбираат тоа. Тоа беше смешно..."
Од тој ден, тој има секогаш отпечатено симбол на клуч на неговиот волан на БРМ болидот.
Заедно со Луис Стенли, водач на БРМ тимот, тој започнува кампања за подобрување на стандардите за безбедност и медицинските установи во случај на повреда. Кампања што се уште продолжува до овој ден. Неговата брзина беше лесно видлива за сите оние околу него, но некои луѓе се уште ја доведуваат во прашање неговата храброст, бидејќи отворено се залагал за поголема безбедност на возачите. Неговиот стил на возење беше обележан како речиси машинска конзистентност.
Кога Тајрел се пресели во класата на Формула 1, Стјуарт му се придружува. Во 1969 година со болидот на Матра-Форд ја освои својата прва Титула Светски Шампион за себе и Кен Тајрел. Во 1971 година тој го повторува Шампионскиот успех со Тајрел. Следната година пропушта неколку трки поради болест т.е. чир на желудникот. Во 1973 година неговата последна година, беше обележана со триумф и трагедија. Неговата Трета и последна Титула Светски Шампион беше нарушена од смртта на неговиот пријател и штитеник Франсоа Север. Џеки Стјуарт ја потврди својата одлука од почетокот на таа сезона и се повлече од тркањето.
Неговите 27 Гран При Победи, никој не можеше да ги надмине во следните 20 години.
Во 1997 година Џеки Стјуарт се враќа во Формула 1, но не како возач, туку како сопственик на Ф1 тим во партнерство со неговиот син и на Форд.
Првата трка на овој тим, Стјуарт-Форд, беше на 1997 Австралија Гран При. Единствениот успех од нивната прва година дојде на дождливата трка во Монако, каде што Рубенс Баричело заврши на импресивното второ место. Но издржливоста на нивниот болид не беше нивна јака страна. Освоија уште едно второ место на Нирбурринг. Следната, 1998 година, беше дури и послаба за нив, без подиуми и само неколку поени.
Сепак, откако Форд стекнува споственост врз Косворт во јули 1998 година, за 1999 година беше дизајниран комплетно нов мотор, што се покажа како добар потег. Болидот, со ознака СФ3, беше постојано конкурентен во текот на сезоната. Тимот ја забележа својата Прва Победа на Европското ГП на Нирбургринг со Џони Херберт, иако со малку среќа, додека Баричело имаше три 3-ти места, Пол позиција во Франција, и накратко водеше на неговата домашна трка во Интерлагос. Тимот подоцна беше купен од страна на Форд и стана Jaguar Racing во 2000 година, кој пак во 2005 станува познат како Ред Бул.