Лео Хиндри Џуниор, промоторот на Големата награда на Америка изјави дека имаат 15-годишен договор за организирање на Формула 1 трки, започнувајќи од следната сезона.
Оваа трка првично требаше да дебитира во Ф1 календарот оваа година, но беше одложена откако Берни Еклстоун во септември 2012 година изјави дека организаторите "не ги испочитуваа условите на договорот, кој се поништува."
Сепак, Еклстоун не беше против оваа трка и ја посакуваше Големата награда на Америка, а Лео Хиндри Џр., извршен Претседател и промотор на оваа трка сега вели дека е постигнат нов долгорочен договор со кој се заштитува иднината на оваа трка.
"Големата награда на Америка во Порт Империјал е сон на многумина во овој спорт повеќе од една деценија. Ние се надевавме дека ќе бидеме подготвени за трка во јуни 2013 година, но на крајот на минатата есен, беше јасно дека нема да имаме време да ги разрешиме проблемите со инфраструктурата, која е потребна за да се задоволат Формула 1 стандардите."
"Благодарение на трпеливоста и непроценливата поддршка на Берни Еклстоун и ФОМ (Формула Еден менаџмент) сега имаме долгорочен договор што е потребен за да се одржуваат Гран При трки во годините што доаѓаат, со почеток во јуни 2014 година."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.