Со почеток на Q1 сесијата поголемиот дел од тимовите одлучија веднаш да започнат со меките гуми, а само Ред Бул и Мерцедес АМГ не го следеа овој тренд. Во првата сесија сите очекувавме кои два возачи ќе им прават друштво на болидите на Катерам и Марусија. За нивна несреќа тоа беа Валтери Ботас и Пастор Малдонадо со Вилијамсите, баш кога тимот одбележува 600 ГП трки.
Q2 сесијиата беше многу поинтересна со многу мали разлики меѓу водечките болиди. Најголемото изненадување ни го приредија од тимот на Мерцедес АМГ, кога по грешните пресметки го оставија Нико Розберг со празни раце, надвор од пласман во најбрзите 10 возачи. Кога си многу брз, не треба да се има и претерано премногу самодоверба во својата брзина, па тимот направи огромна грешка во проценката колку многу се подобрија условите на патеката во последните минути од Q2. Нивната грешка ја искористи Нико Хулкенберг за еден од ретките пласмани на Заубер во Q3 сесијата.
Хамилтон го спаси денот за Мерцедес АМГ, со поставување на најбрзото време веднаш при првото излегување во Q3, и беше за 0.1 секунда побрз од Себастијан Ветел. При нивните втори брзи кругови Германецот го подобри најбрзото време, но одговорот на Хамилтон беше дека денес не ја дава Пол позицијата и повторно беше за уште 0.1 секунда побрз. Зад нив, Марк Вебер ја освои третата стартна позиција.
Кими Раиконен ја искористи подобрената форма на Лотус за четвртата, додека неговиот тимски колега Роман Грожан ќе стартува веднаш зад него на петтата позиција. Од кога почнаа да го поврзуваат со возачкото место на Ред Бул, Даниел Рикардо, повторно со многу добри перформанси поставувајќи го шестото најбрзо време пред двата болиди на Ферари, Фелипе Маса пред Фернандо Алонсо. Но, Ферари се откажаа од борбата за Пол позицијата, користејќи стратегија со која ќе ја започнат трката на медиум гумите, за разлика од првите 6, кои сите ќе стартуваат на меките гуми. Нивната стратегија ја следеа Џенсон Батон и Нико Хулкенберг, кои го заокружија Топ 10 пласманот на денешните Квалификации.
Големата Награда на Германија стартува утре, Недела, во 14:00 CET/MK.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:29.398
2. Себастијан Ветел Ред Бул 1:29.501 + 0.103
3. Марк Вебер Ред Бул 1:29.608 + 0.210
4. Кими Раиконен Лотус 1:29.892 + 0.494
5. Роман Грожан Лотус 1:29.959 + 0.561
6. Даниел Рикардо Торо Росо 1:30.528 + 1.130
7. Фелипе Маса Ферари 1:31.126 + 1.728
8. Фернандо Алонсо Ферари 1:31.209 + 1.811
9. Џенсон Батон Мекларен без поставено време
10. Нико Хулкенберг Заубер без поставено време
Q2 Најбрзо време: Фелипе Маса 1:29.825 Разлика
11. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:30.326 + 0.501
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:30.697 + 0.872
13. Серџо Перез Мекларен 1:30.933 + 1.108
14. Естебан Гутиерес Заубер 1:31.010 + 1.185
15. Адријан Сутил Форс Индија 1:31.010 + 1.185
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:31.104 + 1.279
Q1 Најбрзо време: Фелипе Маса 1:30.547 Разлика
17. Валтери Ботас Вилијамс 1:31.693 + 1.146
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:31.707 + 1.160
19. Чарлс Пик Катерам 1:32.937 + 2.390
20. Жил Бјанки Марусија 1:33.063 + 2.516
21. Гидо ван дер Гард Катерам 1:33.734 + 3.187
22. Макс Чилтон Марусија 1:34.098 + 3.551
107% Време: 1:36.885