Џорџ Расел го издржа доцниот напад од Макс Ферстапен и ја обезбеди својата трета победа сезонава на драматичната Голема Награда на Азербејџан.
Џорџ Расел со најбрзиот круг и вчерашната пол позицијата го забележа вториот негов хет-трик, прв за оваа 2026 сезона. Со тоа ја намали предноста на Кими Антонели за 15 поени во шампионатот на возачи, и сега изнесува 66 поени.
Кими заврши петти, по стартот од П16, ублажувајќи ја штетата од неговата грешка во вчерашните квалификации. Трка која не ја завршија шест возачи, вклучувајќи го и Ландо Норис од Мекларен.
ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ ВО НАШАТА ВАЈБЕР ГРУПА, НАЈБРЗИОТ НАЧИН ДА ДОЈДЕТЕ ДО ВИСТИНСКИТЕ ИНФОРМАЦИИ ОКОЛУ Ф1 ШАМПИОНАТОТ.
КЛИК ТУКА ЗА ДА СЕ ПРИДРУЖИТЕ
НЕМА ПАУЗА, ВЕДНАШ СЛЕДУВА ГН БАХРЕИН ВО МАЛЕЗИЈА. БИДЕТЕ ТЕК ВО НАЈНОВИТЕ ИНФОРМАЦИИ И ПРЕКУ НАШАТА ФБ СТРАНИЦА.
Макс Ферстапен се искачи на второто место по стартот од П8, па дури и направи фото-финиш со Расел, поминувајќи ја целта само 196 илјадити делови од секундата зад него.
Неговиот тимски колега, Исак Хаџар, му се придружи на подиумот по неговиот кам-бек на патеките. Французинот не се тркаше од Унгарија поради повреда, но не покажа знаци на "зарѓаност" и можеби го имаше еден од своите најсолидни настапи во дресот на Ред Бул.
Оскар Пјастри исто така имаше пласман на подиумот на дофат во поголемиот дел од трката, но го пропушти со грешка при сопирање во првиот свиок.
Трката имаше две многу различни полувремиња, со досадна прва половина каде што ништо не се случуваше и втора половина која беше апсолутно хаотична.
Алекс Албон предизвика излегување на безбедносното возило, а на рестартот се случи верижен судир кога Франко Колапинто ги нокаутираше Ландо Норис и својот тимски колега, Пјер Гасли. Многу изгубени поени за Алпин.
Еден од најголемите корисници на тој прв период со безбедносно возило беше Карлос Саинц Јр., кој се искачи од осумнаесеттото на дванаесеттото место. Оттаму, тој се искачи на единаесеттото место по грешката на Пјастри при сопирањето и го претекна Нико Хулкенберг за да стигне до бодовите.
Џорџ Расел стартуваше од пол позицијата по четврти пат оваа сезона по доминантниот настап во квалификациите, каде што беше осум десетинки од секундата побрз од останатите.
Големото изненадување беше ситуацијата со Кими Антонели во Q1, кога удри во ѕидот од внатрешната страна на првиот свиок од патеката. Италијанецот пристигна во Баку со 81 поен предност во пласманот на возачи.
Во однос на гумите, имаше нееднаквост во стратегиите. Расел стартуваше со жолти, но трите болиди зад него, Леклер, Пјастри и Хаџар, стартуваа со црвени гуми. Норис, на петтото место, се одлучи за жолтите, а Хамилтон, на шестото, за црвените гуми.
Кими Антонели од П16 стартуваше со жолтите гуми на Пирели во потрага по уште еден кам-бек.
Стартот беше чист. Џорџ Расел лесно ја одбрани првата позиција, а зад него возачите на Мекларен имаа корист од тоа што беа на чистата страна од стартниот грид, при што Пјастри го престигна Леклер за второто место, а Норис го направи истото со Хаџар за да се искачи на четвртото место.
Макс Ферстапен, на стартот, веднаш го престигна Пјер Гасли за седмото место. Поназад, Антонели играше на сигурно и дури изгуби место од Хулкенберг, паѓајќи една позиција.
Од овој момент па натаму, возачите на Ред Бул започнаа да напаѓаат. Во вториот круг, Макс го престигна Хамилтон и се искачи на шестото место. Во третиот круг, прво Хаџар, а потоа и самиот Ферстапен го престигнаа Норис, искачувајќи се на четвртото и петтото место.
Во следниот круг, дуото од Милтон Кинс го направи истото со Ферарито на Чарлс Леклер, при што Хаџар се искачи на третото, а Ферстапен на четвртото место.
Во 7-миот круг, Исак Хаџар го пропушти својот тимски колега. Двајцата возачи на Ред Бул беа различни смеши на Пирели. Ова го искачи Макс Ферстапен на третото место, само 1.3 секунди зад Оскар Пјастри, кој пак беше околу три секунди зад лидерот во трката.
Во 9-тиот круг, тимот на Астон Мартин го замоли Ленс Строл да го запре својот болид на безбедно место на патеката. Канаѓанецот се паркираше во зоната за излетување покрај 15-от свиок.
Ова доведе до развејување на жолтите знамиња, но маршалите успеаја да го отстранат болидот без да активираат ВБВ или БВ, овозможувајќи трката да продолжи без прекин.
Во меѓувреме, Кими Антонели имаше многу потежок кам-бек отколку во Монца. Во 5-тиот круг тој престигна два болиди и се искачи на петнаесеттото место, во 6-тиот круг го престигна Линдблад за четиринаесеттото место, во 10-тиот круг го престигна Окон за тринаесеттото место, а во 13-тиот круг ги престигна и Албон и Лосон и се искачи на единаесеттото место.
Тој стигна до бодовите во 17-тиот круг, кога го престигна Оливер Берман и се искачи на десеттото место.
Во 30-от круг, Ландо Норис закочи предоцна на влез во првиот свиок и изгуби две позиции. Ова им користеше на Пјер Гасли и Кими Антонели, кои се искачија на седмото и осмото место, соодветно.
Помеѓу 31-от и 35-от круг имаше период на безбедносно возило, предизвикан од излетувањето и судир со бариерите на Алекс Албон.
Сите возачи го искористија ова за да влезат во боксот и да ги заменат гумите. Бидејќи сите ја следеа истата стратегија, немаше промени во позициите освен Хулкенберг и Бортолето, кои ги заменија петнаесеттото и шеснаесеттото место.
Расел, на првото место, и Ферстапен, на третото место, последниот стинт од трката го возеа на црвени, додека Пјастри, на второто место, и Хаџар, на четвртото место, беа на жолтите гуми. Зад нив, Кими Антонели беше осми, сега со црвени гуми.
Рестартот беше хаотичен. Франко Колапинто се обиде со невозможно престигнување од внатрешната страна на првиот свиок, ги блокираше предните тркала при наглото сопирање и се удри во својот тимски колега, Пјер Гасли, кој пак по инерција продолжи во болидот на Ландо Норис. Трката беше завршена за сите нив.
Имаше контакт и помеѓу болидите на Рејсинг Булс, при што Арвид Линдблад го удри својот тимски колега, Лиам Лосон, на истото место.
Позициите на чело на трката останаа непроменети, иако Антонели се искачи на седмото место, а Карлос Саинц Јр. скокна за шест места, на дванаесеттото место.
Како резултат на тоа, безбедносното возило остана на патеката до крајот на 38-от круг.
Вториот рестарт беше чист и не резултираше со промени во позициите. Во следниот, 40-ти круг, Оскар Пјастри имаше проблеми при сопирање за влез во првиот свиок, ги блокираше тркалата и продолжи напред во зоната за излетување. Од трето се најде на петнаесеттото место на табелата.
Ова, пак, му овозможи на Хаџар да се искачи на победничкиот подиум, на Антонели да се искачи на шестото, а на Саинц Јр. на единаесеттото место.
Од овој момент па натаму, Расел и Ферстапен се одвоија на чело на трката, поставувајќи неверојатно темпо. Возачот на Мерцедес АМГ имаше предност од 11 секунди пред излегувањето на првото безбедносно возило, но сега трката беше сосема поинаква.
Во последниот круг, по излетувањето на Ботас, и развејување на жолти знамиња во 15-от свиок, гледавме спринт трка до целната линија, во која Ферстапен ја намали разликата со лидерот, до тој степен што целта ја поминаа еден до друг, одвоени за само 196 илјадити делови од секундата.
ЏОРЏ РАСЕЛ ГО ОСВОИ БАКУ СО ПРВО ГРЕН СЛЕМ ПОСТИГНУВАЊЕ
9/26/2026 11:20:00 AM
0
Share to other apps




