Неколку годишната желба на Дитрих Матешиц денес се исполни. Од оваа Австриска компанија за енергетски пијалоци денес со кратко соопштение за Австриските медиуми е потврдено дека е постигнат договор за враќање на ГН на Австрија во Формула 1 календарот за 2014 година, со прецизиран датум, 6 јули.
Во него се вели: "Дитрих Матешиц, сопственикот на Ред Бул, и Берни Еклстоун постигнаа договор за враќање на Формула 1 во Стирија* од следната година."
Враќањето на ГН на Австрија ќе треба да биде формално одобрено од страна на ФИА подоцна оваа година, кога ќе биде донесен и официјалниот календар за 2014 сезоната на состанокот на Светскиот совет за мотоспорт.
*Стирија е држава(Bundesland), кој се наоѓа во југоисточниот дел на Австрија. Таа е втора по големина од 9 Австриски Федерални Држави, со површина од 16.401 км². Се граничи со Словенија, како и другите Австриски држави, Горна Австрија, Долна Австрија, Салцбург, Бургенланд и Каринтија. Има 1.210.700 жители. Главниот град е Грац.
ЕКЛСТОУН ЈА ИСПОЛНИ ЖЕЛБАТА НА МАТЕШИЦ, АВСТРИЈА ГП ВО КАЛЕНДАРОТ ЗА 2014 СЕЗОНАТА
7/23/2013 03:10:00 PM
0
Share to other apps