Монтоја победува на Ф1 трка во сезона 2005!!!
Се сеќавате на Хуан Пабло Монтоја?!? Деновиве е актуелен по изјавата дека Ф1 е здодевна, се сложувате со него?"Формула 1 возачите се убедени дека тие се толку многу подобри од било кој друг. Кога бев во Ф1, секоја недела бев на подиумот. Тоа беше кул, но дали тоа ми претставуваше задоволство? Едноставно не, затоа што тоа беа многу здодевни трки."
"Возачот кој ќе стартува пред вас ќе избега напред, а возачот кој е зад вас ќе заостанува подалеку од вас, освен ако не сте имале зафркнати квалификации, за потоа да испробувате поразлична пит-стоп стратегија за да победите."
"Тоа е досадно. Тоа е срамота, бидејќи технологијата која овие болиди ја имаат и износот на пари кои компаниите го имаат на располагање е нереален. Не знам како толку големи компании толку долго време се без резултати."
"Во последните неколку години многу повеќе слушам за безбедноста, отколку за возбудата во Формула 1. А тоа, мислам дека носи негативен ефект. Станува здодевно, дефинитивно е така."