Стефано Доменикали,тимскиот шеф на Ферари, вели дека за нив позначајна е борбата за титулите, отколку возачката постава за 2014 сезоната. Во услови на интензивни шпекулации околу иднината на Кими Раиконен, Доменикали се обратил до сите вработени во Маранело за да им даде до знаење дека кој ќе вози заедно со Фернандо Алонсо следната година, во овој момент не е многу важно. Наместо тоа, секој вработен во овој тим треба да стори сé што може за тимот и Алонсо да бидат на врвот на двете табели во шампионатот..
"Сé уште има за што да се бориме, поминавме низ ваков период и минатата година. Девет трки значат дека вкупно 225 поени во конкуренција на возачи се достапни и треба да сме уверени дека целите што си ги поставивме на почетокот на сезоната, уште се совршено реални. Поминавме низ тежок период, особено во Јули и сега е време да се реагира на начинот на кој Ферари персоналот го знаат многу добро."
"Наша задача е многу едноставна, треба да им се даде, на Фернандо и Фелипе, најбрзиот можен болид на СПА, а нивниот придонес ќе биде од суштинско значење, повеќе од било кога. Не сакам да видам дека некој од вас не верува во нашата борба. Секој еден од вас мора да биде алка од ланецот на позитивност што ќе го придвижува нашиот тим во овој клучен момент од сезоната. Ние сме Ферари и историја не учи дека ние никогаш не прифаќаме порази."
СТЕФАНО ДОМЕНИКАЛИ, ВАЖНИ СЕ ТИТУЛИТЕ, А НЕ КОЈ ЌЕ ВОЗИ ЗА НАС ВО 2014!!!
8/20/2013 09:34:00 PM
0
Share to other apps