Марина Беј една од најспектакуларните трки за фановите на Формула 1
Сингапур Гран При-то е ноќна трка и за да се осветли се грижат 1.600 рефлектори, со вкупна моќност од 3.180.000 вати, и енергетски кабли со вкупна должина од 108.423 метри.
ВОЗАЧИ
• Себастијан Ветел отсекогаш завршувал на првите пет места во Сингапур, вклучувајќи го и настапот со Торо Росо во 2008 година. Тој е Победник на изминатите две трки на Марина Беј патеката, и пропушти можна победа во 2009 година поради добиената казна за возење низ боксовите. Тој секогаш се квалификува и ја завршува трката пред своите тимски колеги. Пол ја освои во 2011 година и секогаш се квалификува меѓу првите шест.
• Марк Вебер има освоено поени само со своите две пласмани на подиумот и тоа третото место во 2010 и 2011 година. Тој никогаш не бил во водство на трката во Сингапур.
• Фернандо Алонсо е вториот возач со две Победи во Сингапур, во фамозната 2008 трка, кога го имавме излетувањето на неговиот тимски колега, Нелсињо Пике, кое подоцна се покажа дека било намерно испланирано од Флавио Бриаторе, и во 2010 година. Тој има четири пласмани на подиум од пет започнати трки и секогаш завршувал во топ четири. Како и Ветел и тој секогаш бил пласиран пред неговите тимски колеги, и има една Пол позиција во 2010 година.
• Фелипе Маса нема добри сеќавања од Сингапур. Во 2008 година тој беше најзначајната жртва на т.н. "crashgate" аферата, кога тој беше на водечки со старт од Пол позицијата, со излегувањето на безбедносното возило дојдоа и проблемите со цревото за гориво, казната со возење низ боксовите, дупната гума и извртување. Во 2010 година тој отпадна во Q1 поради проблеми со електрониката, во 2011 година тој беше удрен од Хамилтон и имаше дупната гума, и во 2012 година во првиот круг беше допрен од Виталиј Петров и повторно заврши со дупната гума. Тој стартувал од Топ 10 само двапати.
• Џенсон Батон завршува втор на последните две трки во Сингапур, беше петти во 2009 и четврти во 2010 година. Тој се квалификува во најбрзите 4 возачи на патеката во последните три години, и секогаш ја завршува трката пред својот тимски колега.
• Серџо Перез беше 10-ти во двете негови трки на оваа патека, секогаш пред своите тимски колеги и секогаш по контакт со други болиди.
• Кими Раиконен во Сингапур има освоено поени само еднаш во три настапи, со шестото место од минатата година. Во 2008 година тој имаше тркачки инцидент кога беше на петто место, а тоа е неговото последно откажување од трка до денес од тој тип. Сезонава е неговото последно откажување поради дефект на болидот.
• Роман Грожан има само два настапи на Сингапурското Гран При со тимот на Рено во 2009 година, кога се квалификуваше на 18-тата позиција, а трката не ја заврши поради проблеми со сопирачките. Минатата година ги освои првите поени на оваа патека кога со болидот на Лотус Е20, се квалификуваше на 8-та позиција, а трката ја заврши едно место погоре како 7-ми.
• Нико Розберг беше втор на трката во 2008 година и покрај казната со возење низ боксовите, поради влегување во истите под црвено светло. Од тогаш неговиот најдобар резултат е петтото место во 2009 година. Тој секогаш се квалификувал во првите 10 тука, а третата позиција е неговиот најдобар резултат од 2009 година.
• Луис Хамилтон е Победникот од 2009 година и заврши на третото место во 2008 година. Неговите резултати на Марина Беј можеа да бидат подобр, ако минатата година не беа проблемите со менувач кога беше на првото место, со старт од Пол позицијата и не беше исфрлен надвор од патеката од страна на Марк Вебер во 2010 година додека се наоѓаше на третото место. Во 2011 година тој заврши петти по оштетување на неговото предно крило по контактот со Маса и казната со возење низ боксовите. Тој секогаш се квалификувал во првите четири болиди.
• Нико Хулкенберг беше 10-ти пред две години. Минатата година, по судирот со двата болиди на Заубер, тој успеа да го забележи неговиот прв Најбрз круг во неговата кариера, во потерата по загубените места, но стигна само до 14-тото.
• Пол ди Реста ги има неговите најдобри резултати во Формула 1, при неговите две посети на Сингапур, и тоа шесто место во 2011 година, и 4-тото место од минатата година. И на двете трки стартуваше со Топ10 пласман на квалификациите.
• Адријан Сутил има два пласмани во бодови во Сингапур, во 2010 година тој беше деветти, а во 2011 беше осми. Има скор од 4-0 против своите тимски колеги на квалификациите.
• Пастор Малдонадо минатата година се квалификуваше на втората стартна позиција, но во трката кога беше на трето место, мораше да се откаже поради проблеми со хидрауликата на неговиот болид.
• Жан-Ерик Верн минатата година беше дебитант на оваа патека, на квалификациите беше 16-ти најбрз возач, а трката не ја заврши поради судир, во моменти кога се наоѓаше на 10-тото место.
• Даниел Рикиардо има два настапи на Марина Беј, 2011 година со болидот на ХРТ се квалификуваше на 23-тата стартна позиција, а трката ја заврши на 19-то место, за минатата година со Торо Росо да се квалификува на 15-тата стартна позиција, и трката ја заврши на 9-то место. Неговите први бодови во Сингапур.
• Чарлс Пик во своето деби на Сингапур ГП со тимот на Марусија не беше во можност да се квалификува подобро од 21-та позиција, но во трката напредуваше и заврши на 16-тото место.
• Естебан Гутиерез, Валтери Ботас, Макс Чилтон, Жил Бјанки, Гидо ван дер Гард се дебитанти на оваа трка.
ТИМОВИ
• Ред Бул има пет подиуми од можни шест во Сингапур, со Ветел како победик на последните две трки. Од 2009 година имаат четири старта од првиот ред, вклучувајќи го и еден-два пласманот во 2011 година. Седмата стартна позиција е најлошата за нив освоена во 2012 година со Марк Вебер. Тие се единствениот тим со две Победи на оваа патека.
• Ферари има само два подиуми во Сингапур, вклучувајќи ја Победата на Алонсо со старт од Пол позицијата во 2010 година, која е и последната освоена Пол позиција за тимот, а минатата година Алонсо беше трет. Слаби резултати за најтрофејниот тим со Формула 1.
• Мекларен победи со старт од Пол позицијата во 2009 година благодарение на Хамилтон, и има две втори места со Батон во 2011 и 2012 година, двата пати зад Ветел. Болидите на Мекларен секогаш се квалификувале во најбрзите 5, со исклучок на осмата позиција за Ковалаинен во 2009 година.
• Лотус, како Рено, е победник на злогласната трка од 2008 година и го освоија третото место наредната 2009 година, двата пати со Алонсо. Минатата година, како Лотус и двата нивни болиди освоија поени, со шестото место на Раиконен, и седмото на Роман Грожан.
• Мерцедес својот најдобар резултат на оваа патека го има со петтото место на Розберг во 2010 и 2012 година. Тимот секогаш се квалификува во Топ 10, но никогаш не повисоко од седмата стартна позиција. Интересно факт е што минатите години Розберг беше тој што освојува поени за Мерцедес на оваа патека, додека неговиот поранешен тимски колега, Михаел Шумахер, не успеваше да ги заврши трките.
• Вилијамс имаше лоша среќа минатата година, со дефект на на двата болиди. Малдонадо ја започна трката од првиот ред и беше трет кога се откажа.
• Форс Индија освојува поени во последните три трки, меѓу кои и со двата болиди во 2011 година.
• Заубер заврши 10-ти две години по ред, секој пат со Перез.
• Торо Росо само два пати има освоено поени во Сингапур, благодарение на возачката постава на Ред Бул за следната сезона и тоа Ветел со петто место во 2008, а Даниел Рикиардо беше деветти минатата година.