Себастијан Ветел, со големо олеснување изјави: "Тоа е чудно чувство, да се застане во боксот со две минути до крајот на Квалификациите, многу е полошо кога ги гледате другите и неможете да направите ништо. Времињата во првите сектори беа многу брзи,Марк започна со најбрз сектор, исто и Нико и Роман, но за среќа мојот последен сектор беше доволно силен. Потоа следуваше прекрасно чувство, и јас сум многу среќен со резултатот. Болидот е феноменален целиот викенд."
Неговиот тимски колега, Марк Вебер беше побрз во првиот сектор, но на крајот заостана за 0.3секунди и мораше да се задоволи со четвртото најбрзо време. Луис Хамилтон денес со време доволно само за петтата стартна позиција. Фелипе Маса и покрај не баш сјајните настапи за време на тренинзите, успеа да биде пред својот тимски колега Фернандо Алонсо, на 6-тата и 7-мата позиција. Шпанецот повторно на висока стартна позиција, болидот на Ферари повторно беше неконкурентен, а ако ова се пренесе и на утрешната трка, од Италијанскиот тим може да се збогуваат со Титулата во возачи, ако и до сега го немаа направено тоа.
Џенсон Батон го забележа осмото, пред Даниел Рикиардо со деветтото најбрзо време. Топ 10 пласманот го затвара Естебан Гутиерез, со својот најдобар пласман во досегашната негова Ф1 кратка кариера. Тој во Q3 се реши да не поставува време, а ако го земеме неговото Q2 време, тој ќе беше на осмата позиција. Но, сепак и тој заштеди еден екстра сет на нови гуми.
Иако на Азискиот континент, времето за почеток на утрешната трка е Европско, т.е. 14:00 CET.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:42.841
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:42.932 + 0.091
3. Роман Грожан Лотус 1:43.058 + 0.217
4. Марк Вебер Ред Бул 1:43.152 + 0.311
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:43.254 + 0.413
6. Фелипе Маса Ферари 1:43.890 + 1.049
7. Фернандо Алонсо Ферари 1:43.938 + 1.097
8. Џенсон Батон Мекларен 1:44.282 + 1.441
9. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:44.439 + 1.598
10. Естебан Гутиерес Заубер без поставено време
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:45.376 Разлика
11. Нико Хулкенберг Заубер 1:44.555 + 1.650
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:44.588 + 1.683
13. Кими Раиконен Лотус 1:44.658 + 1.753
14. Серџо Перез Мекларен 1:44.752 + 1.847
15. Адријан Сутил Форс Индија 1:45.185 + 2.280
16. Валтери Ботас Вилијамс 1:45.388 + 2.483
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:44.196 Разлика
17. Пол ди Реста Форс Индија 1:46.121 + 1.925
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:46.619 + 2.423
19. Чарлс Пик Катерам 1:48.111 + 3.915
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:48.320 + 4.124
21. Жил Бјанки Марусија 1:48.830 + 4.634
22. Макс Чилтон Марусија 1:48.930 + 4.734
107% Време: 1:51.489