Имаше разновидни стратегии од првите 10 на патеката, со шест возачи, вклучувајќи го Ветел, кои ја стартуваа трката на меки гуми и четири на мадиум гумите. Марк Вебер беше највисоко пласираниот возач на медиум гуми, и единствениот кој можеби можеше да го загрози својот тимски колега, но мораше прерано да се откаже поради механички проблеми со алтернаторот.
Невообичаено за Ф1 трките, првите пит-стоп застанувања ги имавме веќе во првиот круг, Пол ди Реста и Жан-Ерик Верн, а веднаш веќе во вториот и Ветелго направи истиот потег, со префрлување од меките на медиум гумите. Со тоа водството му го предаде на Фелипе Маса, кој имаше супер старт, и стана првиот возач кој освен Ветел водел на Индиското ГП. Германецот се приклучи меѓу последните болиди на патеката, по излегување од боксовите. Да го споменеме и неговиот контакт со Раиконен, па Алонсо, по што Шпанецот мораше да го промени предното крило и падна надолу во поредокот.
Фелипе Маса мораше во боксовите во осмиот круг, оставајќи го Вебер во водство. Австралијанецот, медиум гумите ги замени за меки во 28 круг, момент кога Ветел повторно беше во водство. Последниот пит-стоп за Ветел беше во 31 круг, повторно на медиум, а тоа беше проследено еден круг подоцна и од неговиот тимски колега, кој исто така продолжи на медиум гумите, но тогаш почнаа проблемите за него и ја заврши трката во 39-от круг.
Со тоа Ред Бул и Рено денес ја обезбедија нивната четврта последователна титула во конструктори. Сличен подвиг на Мекларен и Хонда од 1988-1991. Со пет од можните осум Титули и 57 победи, Рено сега е најуспешен производител на мотори на V8 ерата.
ИНДИЈА ГРАН ПРИ, БУД;
60 круга, 307.249 км., Време: Смог.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч31:12.187
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 29.823
3. Роман Грожан Лотус + 39.892
4. Фелипе Маса Ферари + 41.692
5. Серџо Перез Мекларен + 43.829
6. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 52.400
7. Кими Раиконен Лотус + 1:07.900
8. Пол ди Реста Форс Индија + 1:12.800
9. Адријан Сутил Форс Индија + 1:14.700
10. Даниел Рикиардо Торо Росо + 1:16.200
11. Фернандо Алонсо Ферари + 1:18.200
12. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1:18.900
13. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1 круг
14. Џенсон Батон Мекларен + 1 круг
15. Естебан Гутиерез Заубер + 1 круг
16. Валтери Ботас Вилијамс + 1 круг
17. Макс Чилтон Марусија + 2 круга
18. Жил Бјанки Марусија + 2 круга
19. Нико Хулкенберг Заубер + 6 круга
НАЈБРЗ КРУГ: Кими Раиконен 1:27.679
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Марк Вебер Ред Бул 40
Чарлс Пик Катерам 36
Гидо ван дер Гард Катерам 2
ПЛАСМАН ПО 15 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 322 1. Ред Бул 470
2. Ф.Алонсо 207 2. Мерцедес АМГ 313
3. К.Раиконен 183 3. Ферари 287
4. Л.Хамилтон 169 4. Лотус 285
5. М.Вебер 148 5. Мекларен 93
6. Н.Розберг 144 6. Форс Индија 68
7. Ф.Маса 102 7. Заубер 45
8. Р.Грожан 102 8. Торо Росо 32
9. Џ.Батон 60 9. Вилијамс 1
10. П.Ди Реста 40
11. Н.Хулкенберг 39
12. С.Перез 33
13. А.Сутил 28
14. Д.Рикиардо 19
15. Ж.Верн 13
16. Е.Гутиерез 6
17. П.Малдонадо 1

