Себастијан Ветел изјави дека разликата со која ја освои својата 45-та Пол позиција е шокантна, бидејќи очекувал дека на влажната патека разликите ќе бидат мали. Германецот беше повеќе од една секунда побрз од својот тимски колега, со што докажа дека сите критики за негово како возач се неоправдани.
"Тоа е големо изненадување, бев многу среќен по квалификациите. Кога излегов за прв пат во Q3 сесијата бев изненаден од малата количина на вода која останала на патеката. Преминав директно на интермедиа гумите и бев во можност да извозам многу, многу добар круг. При мојот втор круг се обидов да го подобрам тоа време и бев многу блиску. Значи бев многу среќен со двата мои круга и бев изненаден од големата разлика."
"Големо е задоволството да се погоди се како што посакуваш во овие услови. Имавме многу малку тренинзи, но болидот се однесуваше како што сакавме. Незгодно е што фановите чекаа толку многу за почеток на третата сесија, но имаше премногу вода и ризикот од аквапланинг беше премногу висок."
2013 БРАЗИЛ ГП: СЕБ ШОКИРАН ОД РАЗЛИКАТА СО КОЈА ЈА ОСВОИ 45-ТАТА ПОЛ ПОЗИЦИЈА!!!
11/23/2013 08:53:00 PM
0
Share to other apps