Фернандо Алонсо и Марк Вебер, кои ќе стартуваат од вториот ред беа побавни повеќе од една секунда. Најбрзото време беше поставено на интермедиа гумите во последните моменти од драматичната Q3 сесијата, која беше одложувана 45 минути, поради премногу дожд и вода на патеката, но, можеби најмногу поради инцидентот на Серџо Перез.
Луис Хамилтон беше половина секунда побавен од тимскиот колега за само петтата, а Роман Грожан ја освои шестата стартна позиција за Лотус. Торо Росо одличен на дождот и со двајцата возачи во Q3. Даниел Рикиардо и Жан-Ерик Верн ќе стартуваат од четвртиот ред, победувајќи ги Фелипе Маса со Ферари и Нико Хулкенберг со Заубер, кои ги заокружија најбрзите десет возачи.
На почетокот на Q1 сесијата видовме навалица од болиди, сите возачи брзаа да постават брзо време пред да се интензивира дождот. Луис Хамилтон го постави првиот и најбрзиот круг на сесијата, а Пастор Малдонадо и Естебан Гутиерез не успеаа да поминат понатака, заедно со болидите на Марусија и Катерам.
Кога има дожд секогаш е интересно и неизвесно, па така во Q2 имавме парадокс кога Роман Грожан го постави најбрзото време, додека неговиот нов тимски колега, Хеики Ковалаинен не успеа да се пласира во Q3 сесијата за само 0.015 секунди. Серџо Перез, исто така, беше меѓу оние кои не се пласираа понатака, по инцидентот, кога ја загуби контрола над неговиот Мекларен и се удри во бариерите покрај патеката. Нив им се придружија Пол ди Реста, Валтери Ботас, Џенсон Батон и Адријан Сутил.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:26.479
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:27.102 + 0.623
3. Фернандо Алонсо Ферари 1:27.539 + 1.060
4. Марк Вебер Ред Бул 1:27.572 + 1.093
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.677 + 1.198
6. Роман Грожан Лотус 1:27.737 + 1.258
7. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:28.052 + 1.573
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:28.081 + 1.602
9. Фелипе Маса Ферари 1:28.109 + 1.630
10. Нико Хулкенберг Заубер 1:29.582 + 3.103
Q2 Најбрзо време: Роман Грожан 1:26.161 Разлика
11. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:38.131 + 1.066
11. Хеики Ковалаинен Лотус 1:27.456 + 1.295
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:27.798 + 1.637
13. Валтери Ботас Вилијамс 1:27.954 + 1.793
14. Серџо Перез Мекларен 1:28.269 + 2.108
15. Џенсон Батон Мекларен 1:28.308 + 2.147
16. Адријан Сутил Форс Индија 1:28.586 + 2.425
Q1 Најбрзо време: Луис Хамилтон 1:25.342 Разлика
17. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:27.367 + 2.025
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:27.445 + 2.103
19. Чарлс Пик Катерам 1:27.843 + 2.501
20. Гидо ван дер Гард Катерам 1:28.320 + 2.978
21. Жил Бјанки Марусија 1:28.366 + 3.024
22. Макс Чилтон Марусија 1:28.950 + 3.608
107% Време: 1:31.315