По стартот, во првата кривина Ветел мораше да се одбрани од Грожан и Хамилтон, кои го поминаа Марк Вебер од надворешната страна, по вообичаено лошиот старт на Австралијанецот. Следуваше излегување на безбедносното возило пред крајот на кругот, кога Адријан Сутил по допирот со Пастор Малдонадо излета надвор од патеката и заврши во бариерите.
На рестартот, Ветел го задржа првото место, и почна да создава разлика пред останатите болиди. Гумите на болидот на Хамилтон не издржаа многу, па Марк Вебер со претекнувањето на денот го помина, за да си поврати едно место назад. До крајот на трката беше во потера по Роман Грожан, но не успеа да направи нешто повеќе.
Мерцедес АМГ повторно ја доби битката со Ферари. Фернандо Алонсо по првиот и единствен пит-стоп успеа да го помине Хулкенберг, и тргна по Хамилтон, но Британецот имаше доволно брзина и гуми да го задржи Ферарито зад себе. Нико Розберг, пак подобар од Фелипе Маса.
Голем ден за дебитантот, Валтери Ботас, кој со осмото место ги забележа своите први поени во Формула 1. За разлика од него, по добриот настап на преходните два дена, Хеики Ковалаинен, имаше многу разочарувачка трка. На стартот изгуби повеќе места, мораше да направи дополнителен пит-стоп за промена на предното крило, а потоа следуваа проблеми со КЕРС-от за на крај да заврши на 15-то место.
Следниот викенд, 23 Ноември, следува Големата Награда на Бразил, финалната трка на 2013 сезона.
АМЕРИКА ГРАН ПРИ, ОСТИН;
56 круга, 308.896 км., Време: Сончево.
ПЛАСМАН:
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1ч39:17.148
2. Роман Грожан Лотус + 6.284
3. Марк Вебер Ред Бул + 8.396
4. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ + 27.358
5. Фернандо Алонсо Ферари + 29.592
6. Нико Хулкенберг Заубер + 30.400
7. Серџо Перез Мекларен + 46.692
8. Валтери Ботас Вилијамс + 54.509
9. Нико Розберг Мерцедес АМГ + 59.141
10. Џенсон Батон Мекларен + 1:17.278
11. Даниел Рикиардо Торо Росо + 1:21.004
12. Жан-Ерик Верн Торо Росо + 1:24.574
13. Фелипе Маса Ферари + 1:26.914
14. Естебан Гутиерез Заубер + 1:31.707
15. Хеики Ковалаинен Лотус + 1:35.063
16. Пол ди Реста Форс Индија + 1:36.853
17. Пастор Малдонадо Вилијамс + 1 круг
18. Жил Бјанки Марусија + 1 круг
19. Гидо бан дер Гард Катерам + 1 круг
20. Чарлс Пик Катерам + 1 круг
21. Макс Чилтон Марусија + 2 кругa
НАЈБРЗ КРУГ: Себастијан Ветел 1:39.856
БЕЗ ПЛАСМАН:
ВОЗАЧ ТИМ ПРИ КРУГ
Адријан Сутил Форс Индија 1
ПЛАСМАН ПО 18 ТРКИ:
ВОЗАЧИ: КОНСТРУКТОРИ:
1. С.Ветел 372 1. Ред Бул 553
2. Ф.Алонсо 227 2. Мерцедес АМГ 348
3. Л.Хамилтон 187 3. Ферари 333
4. К.Раиконен 183 4. Лотус 315
5. М.Вебер 181 5. Мекларен 102
6. Н.Розберг 161 6. Форс Индија 77
7. Р.Грожан 132 7. Заубер 53
8. Ф.Маса 106 8. Торо Росо 32
9. Џ.Батон 61 9. Вилијамс 5
10. П.Ди Реста 48
11. Н.Хулкенберг 47
12. С.Перез 41
13. А.Сутил 29
14. Д.Рикиардо 19
15. Ж.Верн 13
16. Е.Гутиерез 6
17. В.Ботас 4
18. П.Малдонадо 1