Circuit of the Americas има 77 метарска кула за набљудување дизајнирана од страна на Miró Rivera Architects и изградена од Patriot Erectors како уникатно обележје по кое би била позната оваа патека. Структурата на кулата се состои од лифт, опкружен со скали(419) во вид на двојна спирала. По нив се стигнува до платформа за набљудување која е на височина од 70 метри.
Таа обезбедува целосна панорама на патеката, како и поглед на центарот на градот Остин. Набљудувачката платформа, која е достапна за јавноста со плаќање билет, има капацитет од 70 посетители во една тура. Цената на билетот е 25 долари, а за деца под 5 години и луѓе над 64 годишна возраст изнесува 18,50 долари.
Дизајнот на набљудувачката кула претставува визуелизација на спортски автомобили во движење, а црвената боја е избрана да ги имитира светлата на автомобилите ноќе.
НАБЉУДУВАЧКАТА КУЛА УНИКАТНО ОБЕЛЕЖЈЕ НА CIRCUIT OF THE AMERICAS
11/18/2013 01:53:00 PM
0
Share to other apps