Q1 сесијата повеќето тимови ја започнаа со тврдите гуми, освен Марусија и Катерам кои се знае дека ќе отпаднат, но мора да го исполнат лимитот од 107% од најбрзото време. Но, возачите се жалеа дека тврдата смеша е бавна и и треба многу време да се загрее, па при вторите брзи кругови се префрлија на медиум гумите. Секако, сите освен болидите на Ред Бул, кои се во друга лига. Единствениот инцидент, кој стјуардите ќе го разгледуваат по завршувањето на Квалификациите, беше кога Малдонадо излета надвор од патеката, и при враќањето на неа за малку не се удри во задниот дел на болидот на Заубер, Гутиерез, кој ги загреваше своите гуми. Малдонадо по овој инцидент не успеа да се пласира во Q2, а изненадувачки неговиот колега го имаше најбрзото време. Адриан Сутил го имаше 17-тото најбрзо време, по механичките проблеми кои ги имаше со својот болид.
Возачите, кои поминаа во Q2, беа распоредени во само шест десетинки од секундата. Сите користеа меки гуми во текот на Q2, за на крајот Себастијан Ветел и Ред Бул повторно да го имаат најбрзото време. Добар настап имаше Фернандо Алонсо најпријатното изненадување на денот, а непријатно изненадување на денот приреди Нико Розберг кој не успеа да се пласира во Q3. На Маса, некако не му лежи патеката во Остин, и само со 15-тото најбрзо време. Џенсон Батон, Фаворитот на Себ за изненадување, само со 13-тото најбрзо време, но ќе старува 3 позиции поназад.
Во последната Q3 сесија најбрзите 10 болиди ги чекаа последните моменти да ги започнат своите брзи кругови, време кога очекуваа дека патеката ќе ги има најдобрите услови за возење. Последен својот брз круг го заврши Шампионот, и секако го постави најбрзото време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА
1. Себастијан Ветел Ред Бул 1:36.338
2. Марк Вебер Ред Бул 1:36.441 + 0.103
3. Роман Грожан Лотус 1:37.155 + 0.817
4. Нико Хулкенберг Заубер 1:37.296 + 0.958
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:37.345 + 1.007
6. Фернандо Алонсо Ферари 1:37.376 + 1.038
7. Серџо Перез Мекларен 1:37.452 + 1.114
8. Хеики Ковалаинен Лотус 1:37.715 + 1.377
9. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.836 + 1.498
10. Естебан Гутиерез Заубер 1:38.034 + 1.696
Q2 Најбрзо време: Себастијан Ветел 1:37.065 Разлика
11. Даниел Рикиардо Торо Росо 1:38.131 + 1.066
12. Пол ди Реста Форс Индија 1:38.139 + 1.074
13. Џенсон Батон Мекларен 1:38.217 + 1.152
14. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:38.364 + 1.299
15. Фелипе Маса Ферари 1:38.592 + 1.527
16. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:38.696 + 1.631
Q1 Најбрзо време: Валтери Ботас 1:37.821 Разлика
17. Адријан Сутил Форс Индија 1:39.250 + 1.429
18. Пастор Малдонадо Вилијамс 1:39.351 + 1.530
19. Гидо ван дер Гард Катерам 1:40.252 + 2.431
20. Чарлс Пик Катерам 1:40.398 + 2.577
21. Жил Бјанки Марусија 1:40.528 + 2.707
22. Макс Чилтон Марусија 1:41.401 + 3.580
107% Време: 1:44.668
Казни:Естебан Гутиерес и Макс Чилтон се казнети со 10 стартни позиции по нивните инциденти за време на квалификациите за САД ГП-то.
Естебан Гутиерез ја заработи казната за попречување на Пастор Малдонадо со вршење на маневри кои стјуардите ги сметаа за опасни Мексиканецот се квалификуваше на 10-тата позиција, а утре ќе стартува од 20-тата.
Макс Чилтон беше, исто така, е казнет за попречување на Малдонадо и Адријан Сутил, но Британецот, беше на последната стартна позиција, па ќе мора да отслужи казна со возење низ боксовите во првите пет круга од тркат.