Ќе продолжат заедно во Вилијамс?!?
По Остин, Формула 1 останува во Америка, за финалната трка на сезоната која ќе се вози во Бразил, домашна сцена на Фелипе Маса. Бразилското Гран При го означува крајот на 2013 сезоната, но, исто така, тоа ќе биде посебна трка за Фелипе, затоа што тоа ќе биде последен пат да го носи амблемот на Ферари.
Ф1 легенди на едно место!!!
Бразилецот е вториот возач со најдолг стаж во Ферари на сите времиња, по Михаел Шумахер. Добрата вест за сите во родниот Бразил и за сите негови фанови низ целиот свет, е што долгата традиција на постоење на бразилски возачи кои се натпреваруваат во Формула 1 продолжува, по потпишувањето на Фелипе за тимот на Вилијамс за 2014 година."Само да се натпреварувате на Бразилското ГП е сон на сите бразилски возачи. Мојата тркачка кариера започна во Интерлагос, на картинг патеката. Пред тоа, се сеќавам дека како дете, бев на трибините, гледајќи ги Аиртон Сена, Нелсон Пике, па дури и Рубенс Барикело. После тоа, да се тркаш таму во Формула 1 е чувство кое е тешко да се објасни. Целата енергијата што ја добивате од публиката, тоа е она што го сакам најмногу, чувствувајќи ја сета таа поддршка."
Еден од најемотивните моменти со Ферари
Фелипе Маса ја доживеа уште поголемата возбуда да Победи на својата домашна трка, приклучувајќи се на големите имиња како Емерсон Фитипалди, Карлос Пејс, по кого е именувана патеката во Интерлагос."Чувството по Победата на оваа патека е тешко да се опише. Победа тука во 2006 година, во мојата прва година со Ферари, дефинитивно е најневеројатниот момент и трка во мојот живот. Имав посебно тркачко одело во жолта и зелена боја, боите на нашето национално знаме и да се стои на највисокото скалило на подиумот беше повеќе отколку што некогаш очекував од мојот живот. За Бразилец што победил на оваа трка, тоа е како освојување на светската титула. Тоа беше најемотивната трка на мојот живот и јас се сеќавам на неа како тоа да беше вчера. Тоа навистина беше остварување на сонот."
"Би сакал да бидам запаметен како важна компонента на тимот на Ферари. Поминавме многу време заедно, освојувајќи трки и шампионати, но, исто така, поминав и низ тешки моменти. Јас сум горд да бидам дел од историјата на Ферари. Мојот сон беше да возам за Ферари и јас го правев тоа десет години, осум од нив како возач. Всушност, имав договор со Ферари дури и пред тоа, кога јас бев дете. Тоа е долго време во кое јас секогаш го давав мојот максимум за тимот."
Фелипе Маса, дел од Ферари семејството!!!
"На мојата последна трка со нив, јас, исто така, треба да им се заблагодарам на сите фанови кои ме поддржуваа во текот на овој пат со Ферари. Тие навистина се чувствуваа како дел од светот на Ферари и на семејството Ферари. Со фановите имам прославено многу убави моменти, а кога имав тешки моменти, тие ми ја даваа толку многу потребната енергија и поддршка. Тоа ќе биде многу емотивна трка во Интерлагос, за Ферари за последен пат."
Bye-Bye Ferari!!!