Покрај останатите рекорди, тимот на Ред Бул го забележа и најбрзото пит-стоп застанување во историјата на Формула 1. Тимот соопшти дека на САД ГП-то Австралиецот Марк Вебер бил застанат во боксот за временски период помал од две секунди. Податоците снимени од телеметријата на неговиот болидот кажуваат дека бил во мирување само 1,923 секунди, што е неверојатен подвиг.
Тимовите го намалуваа времето потребно за промена на гумите неколку пати во текот на сезоната, а последниот рекорден пит стоп, 2.05 секунди, беше на Малезиското ГП, поставено исто така од посадата на Марк Вебер. Тогаш помислиле дека може да се урне бариерата од 2 секунди.
"Секогаш постои можност за подобрување, а наместо да си поигрувате со индивидуалните времиња, подобрувањето на конзистентноста како целина, е секогаш нешто посакувано од страна на тимот. Овој рекорд е само последица на тоа залагање."- велат од Ред Бул на нивниот сајт.
РЕД БУЛ СО РЕКОРДЕН ПИТ-СТОП ОД 1.923 СЕКУНДИ
11/19/2013 01:43:00 PM
0
Share to other apps