"Мислев дека имам иднина во Лотус и дека ќе заменам еден возач како Кими, кој е на крајот од својата кариера. Но, тоа не се случи, туку спротивно, можеби ќе ја напуштам Формула 1, поради моќните спонзори на некои возачи, како што се Мексиканците или Венецуелците. Не се ценат возачи како мене на пазарот, се ценат парите. Можеби ќе можам да се натпреварувам во Индикар Шампионатот."
"Според мојот договор со нив, мојата плата беше како онаа на еден келнер. Но,тие уште ми ги немаат исплатено, а јас сум сигурен дека штом тие ќе бидат во позиција да го направат тоа, тие ќе ги решат своите проблеми."
"Да не бидам сватен погрешно, јас сум многу благодарен на Лотус, што ме одбраа како трет возач, без да побараат нешто за возврат. Не можам да се жалам за тоа, бидејќи зборуваме за тим кој може да го продаде тоа место за најмалку два или три милиони евра. Тие секогаш се однесуваа добро кон мене."Лотус, откако го загуби Кими Раиконен, само поради тоа што Финецот не беше платен, некои шпекулираа и дека тимот има потешкотии да ја плати котизацијата од 2.000.000$ за 2014 година. Лотус Ф1 е одлична работна средина за секој возач, но парите им се голем проблем.