Кобајаши се приклучува на Катерам по една сезона надвор од Ф1, да помогне на тимот во една нова ера во Ф1 историјата со сите нови правила кои престојат. На популарниот и искусен јапонски возач , се приклучува Ф1 дебитант Маркус Ериксон кој треба да се докажува во овој спорт, за да помогнат на тимот да ги постигне своите цели во текот на сезоната.
Камуи Кобајаши:
"Прекрасно е чувството да се вратам како Ф1 возач и јас сум навистина задоволен што тоа е со тимот на Катерам. Јас ќе го дадам се од себе да го водам тимот и да работам напорно да ги постигнеме нашите цели. Исто така, сакам да искажам посебна благодарност до сите мои фанови кои дадоа донации за моја подршка. Нивните донации и гестови ми дадоа дополнителна сила да се вратам во Формула 1 и јас сум многу задоволен што со парите ќе се помогне за напредок на Катерам за оваа година. Секој еден од вас кои ми помогнаа ќе се тркаат со мене во 2014 година и тоа ме прави многу горд. Физички и психички сум целосно подготвен, сега сакам само да се вратам на работа!"
Гидо ван дер Гард ќе биде резервен возач на Заубер во Формула 1 во текот на 2014 сезоната.
"Ние сме среќни што ќе го имаме Гидо ван дер Гард во нашиот тим. Тој има четири години ГП2 искуство и една година во Формула 1, а тоа се добри квалификации за успешно да се снајде во нашиот тим. Многу пати Гидо го покажа неговиот талент како тркачки возач." - изјави Мониша Калтенборн, тимскиот шеф на Заубер.