Денот започна со презентациите на Ред Бул - RB10, Мерцедес АМГ - W05,Форс Индија - VJM07, Катерам - CT05, Вилијамс - FW36, па можеби сите беа опиени од изгледот на болидите, и заборавија на своите обврски.
Кими Раиконен беше најбрз, но, го предизвика првото црвено знаме на денот, кога неговиот болид запре на патеката при првиот инсталациски круг, што на крајот тоа се покажа како основна каратеристика на денешниот ден. Само шест возачи успеаа да забележат време, а Луис Хамилтон и Мерцедес АМГ, добро го започнаа денот и во текот на претпладневниот дел редовно го подобруваа најбрзото време, кое никој не можеше да го следи.
Но, потоа, следуваше повторување на минатата сезона и повторно излетување и судир со бариерите на Британецот. Сега не беа проблем сопирачките, туку предното крило, кое во еден момент испадна од болидот на Хамилтон. Со судирот, пред време заврши тест сесијата за Мерцедес АМГ.
Италијанците успеаа да го поправат болидот на Финецот, и тој успеа да го престигне Луис Хамилтон, на еден час од крајот на сесијата. Спротивно на тоа, актуелниот шампион на Ред Бул, Себастијан Ветел успеа да има само три инсталациски круга во последните минути на денот, додека Мекларен не успеа да излезе на патеката, поради проблеми со електрониката и хидрауликата на болидот.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кими Раиконен Ферари 1:27.104 31
2. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:27.820 + 0.716 18
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:30.082 + 2.978 7
4. Серџо Перез Форс Индија 1:33.161 + 6.057 11
5. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:36.530 + 9.426 15
6. Естебан Гутиерез Заубер 1:42.257 + 15.153 7
7. Себастијан Ветел Ред Бул без поставено време 3
8. Маркус Ериксон Катерам без поставено време 1