Сите, освен Лотус Е22, тим кој се соочува со финансиски и организациони проблеми. Тоа е голем недостаток за нив, бидејќи оваа сезона, тест сесиите се од големо значење, кога тимовите ќе се соочуваат со многу поразлични предизвици од колку во последните неколку години. Во последен момент и тимот на Марусија го одложи својот настап поради технички проблем на болидот. Тимовите, досега, беа навикнати на докажани мотори, чиј понатамошен развој не беше дозволен, во комбинација со релативно стабилни правила. Тест сесиите се сведуваа само на аеродинамички подобрувања и играње со издувните гасови. Годинешните тест сесии нема да имаат ништо заедничко со тие од изминатите години, освен навикнување на болидот кон гумите на Пирели.
Главен фокус за првата тест сесија во Херез ќе биде разбирање на новиот мотор, т.е. сега имаме многу повеќе од само мотор, туку комплесен систем наречен погонска единица, која вклучува турбо 1.6 мотор и два електро мотори, кои се за десет пати со поголема моќност од КЕРС-системот што досега го познававме, што значи дека првата тест сесја е чекор во непознато. Акцијата започнува денес рано наутро кога 9 тимови ќе ги започнат своите програми за тестирање.
Пред почетокот на сесијата, неколку тимови ќе ги презентираат своите болиди за новата 2014 сезона, а најмногу очекуваме да го видиме новиот адут на актуелниот Шампион, Ред Бул - RB10, но можеби и најголемиот фаворит за овогодинешната титула, Мерцедес АМГ - W05. Своите нови боиди ќе ни ги презентираат и Форс Индија, Катерам и Вилијамс. Лотус е единствениот тим, кој сеуште нема објавено датум за својата презентација на Е22, но веќе видовме компјутерски генерирани фотографии, кои предизвикаа многу полемики околу исправноста на неговиот нос. Колку да има што да се шпекулира, бидејќи Ф1 не може без нив.
Според временската прогноза тест сесијата треба да помине при суво време, со малку дожд, кој се предвидува за во среда. Температурите ќе се движат околу 15-от степен. Од Пирели донесоа сосема нови гуми за новата сезона, со кои треба да се задоволат новите технички прописи. Целата гама на гуми за суво има нова конструкција и нови смеши, со малку зголемена тежина. Гумите за влажно време имаат нова шара и исто така различни смеши.
Патеката во Херез, која има најгруб асфалт од сите останати патеки во календарот, ќе биде првата можност за тимовите да започнат да ги интегрираат новите болиди со новите 2014 гуми на Пирели, а последниот ден ќе биде посветен за тестирање на гумите за влажно време, со вештачко полевање на патеката со вода, освен ако не заврне во било кој од 4-те тест дена, и во тој случај тоа ќе стане ден посветен за тестирање на гумите за дожд.
Аналитичарите, очекуваат дека перформансите на болидите да бидат ставени во заден план, а акцент ќе се стави на поголема километража со 2014 болидите. Се тоа со цел да се провери издржливоста на новите погонски единици, а тоа може да доведе до многу црвени знамиња. Следните тест сесии ќе се одржат во Бахреин. Посетете не на нашата ФБ страна за најновите вести од Херез, а првичниот распоред по денови е следниот:
ТИМ ВТОРНИК, 28/1/2014 СРЕДА, 29/1/2014
Ред Бул Себастијан Ветел Себастијан Ветел
Мерцедес АМГ Луис Хамилтон Нико Розберг
Ферари Кими Раиконен Кими Раиконен
Мекларен Џенсон Батон Џенсон Батон
Заубер Естебан Гутиерез Естебан Гутиерез
Форс Индија Серџо Перез Нико Хулкенберг
Вилијамс Валтери Ботас Валтери Ботас
Торо Росо Жан-Ерик Верн Дањил Квјат
Катерам Маркус Ериксон Маркус Ериксон
Марусија не учествува Жил Бјанки*
ТИМ ЧЕТВРТОК, 30/1/2014 ПЕТОК, 31/1/2014 Ред Бул Даниел Рикиардо Даниел Рикиардо Мерцедес АМГ Луис Хамилтон Нико Розберг Ферари Фернандо Алонсо Фернандо Алонсо Мекларен Кевин Магнусен Кевин Магнусен Заубер Адријан Сутил Адријан Сутил Форс Индија Даниел Хункадеља / Вилијамс Фелипе Маса Фелипе Маса Торо Росо Жан-Ерик Верн Дањил Квјат Катерам Робин Фријнс Камуи Кобајаши Марусија Жил Бјанки* Макс Чилтон* * ако стигнат навреме
Првично, секој болид ќе има на располагање 6 комплети на нови гуми за суво, 3 комплети интермедиа гуми, 3 комплети за силен дожд, вклучувајќи и 6 комплети на посебни гуми, за еднократна употреба, со "зимска" смеша за Херез, со цел да се минимизира ефектот на потенцијално ниските температури. Оваа смеша на тврди гуми е оптимизирана да работи добро, дури и на ниски температури, и се намалува ризикот од грејнинг, што е карактеристика при возење на ладно време. Дополнителни 7 комплети ќе бидат доставени во консултација со тимовите.
ГУМИ К/Б НАЈБРЗО ВРЕМЕ/2012 НАЈБРЗО ВРЕМЕ/2013
Супер-меки 0 нема 1:24.233
Меки 0 1:17.613 1:17.879
Медиум 2 1:19.670 1:18.766
Тврди 4 1:18.561 1:18.565
Интермедиа 3 нема 1:35.600
Гуми за дожд 3 нема нема
Зимска гума 6 нема нема