Големи полемики се водеа околу задната амортизација на МП4-29
Вториот ден од тест сесијата во Херез беше многу попродуктивен од првиот, па можевме да дознаеме нешто повеќе околу првичната форма на тимовите, кои работат многу напорно за да го разберат однесувањето на болидите и комплексноста на сите системи во нив. Секој се обидува да собере што повеќе информации поврзани со издржливоста на болидите, а вистинските перформанси би се тестирале во Бахреин. Овој тест е да се акумулира знаење и потребните податоци за правилно мапирање на моторите.По проблематичниот прв ден, Џенсон Батон, со новиот Мекларен, МП4-29, успеа да доминира во текот на целиод ден, кој имаше два дела. Во текот на ноќта во Херез паѓало дожд, па денешниот ден и официјално беше прогласен за тест ден на гумите за влажно време.( Од оваа сезона еден таков ден е задолжителен, ако не врне, патеката ќе се навлажнува со прскачи на вода). Кими Раиконен по вчерашното најбрзо време, не можеше да извози побрз круг од втората позиција.
Денешниот ден со големи проблеми за болидите придвижувани со Рено погонските единици, Ред Бул пред време ја заврши сесијата, поради проблеми со ЕРС-системот. Кошмарен старт на оваа тест сесија за Ветел, со само неколку извозени круга. По завршувањето на денот, тој ги откажа сите медиумски настани, и одлета дома, кај својата ќерќичка.
Катерам исто со проблеми, а денес Торо Росо не се појави на патеката. Рено на прес конференција, најави дека проблемот со акумулаторите на ЕРС-системот ќе биде решен во текот на ноќта.
Вилијамс исто така мораше да го заврши денот пред време, поради проблем со задната амортизација. Утре, четврток 29 јануари, на третиот тест ден своето деби ќе го има Фелипе Маса со новиот болид FW36.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Џенсон Батон Мекларен 1:24.165 43
2. Кими Раиконен Ферари 1:24.812 + 0.647 47
3. Валтери Ботас Вилијамс 1:25.344 + 1.179 35
4. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:25.588 + 1.423 97
5. Серџо Перез Форс Индија 1:28.376 + 4.211 37
6. Естебан Гутиерес Заубер 1:33.270 + 9.105 53
7. Маркус Ериксон Катерам 1:37.975 + 13.810 11
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:38.320 + 14.155 8