Адријан Њуи и Кристијан Хорнер веќе ја напуштија патеката доцна попладне, и покрај тоа што во соопштението на Ред Бул се вели дека ќе се обидат утре повторно да извозат повеќе километри со RB10. Робин Фријнс во своето деби за Катерам извозе 10 инсталациски кругови, но не успеа да постави мерено време. Единствениот кој со Рено погонска единица забележа времиња, беше Жан-Ерик Верн со Торо Росо, STR9, со заостанување со речиси над 6 секунди.
Сите проблеми ги предизвикува ЕРС-системот. Во меѓувреме, постојат се повеќе и повеќе шпекулации дела од Рено, воопшто не се задоволни со некои од електронските компоненти, кои се развиени специјално за оваа погонска единица. Рено веќе многу заостанува по бројот на поминати километри зад тимовите со Ферари погонски единици, а особено со тимовите кои ги снабдува Мерцедес-Бенц.
Единствено тимовите со Мерцедес погонски единици поминуваат глатко на оваа тест сесија. Иако, во оваа фаза на тестирање резултатите не се сеуште релевантни, денес на првите четири места беа завземени од страна на Мерцедес придвижувани болиди, од кои Мекларен повторно со импресивни резултати, дури и со дебитантот Кевин Магнусен зад воланот на МП4-29. Денес во своето деби и Фелипе Маса ја потврди добрата форма на Вилијамс. Луис Хамилтон со четврто најбрзо време, но тимот на Мерцедес АМГ е убедливо на првото место по извозени кругови во Херез, при тоа без никакви поголеми проблеми.
Фернандо Алонсо го имаше дебито со Ф14 Т, извозе 58 круга, со заостанување од над две секунди зад Магнусен, но од Шпанецот се очекуваат брзи времиња во текот на утрешниот ден. Нико Хулкенберг возеше со Форс Индија, VJM07, само седумнаесет круга, но остана прилично блиску до најбрзото време, додека Адријан Сутил со Заубер C33 беше единствениот возач со речиси седум секунди заостанување зад најбрзо време. Германецот, исто така, го предизвика единствениот посериозен инцидент кога имаше блиска средба со бариерите.
Марусија го имаше своето деби на патеката во Херез, успеаа да завршат инсталациски круг со Макс Чилтон, но MR03 не успеа да забележи време.
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Кевин Магнусен Мекларен 1:23.276 52
2. Фелипе Маса Вилијамс 1:23.700 + 0.424 47
3. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:23.952 + 0.676 62
4. Џенсон Батон Мекларен 1:25.030 + 1.754 40
5. Фернандо Алонсо Ферари 1:25.495 + 2.219 58
6. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:26.096 + 2.820 17
7. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:29.915 + 6.639 30
8. Адријан Сутил Заубер 1:30.161 + 6.885 34
9. Робин Фријнс Катерам без поставено време 10
10. Макс Чилтон Марусија без поставено време 5
11. Даниел Рикиардо Ред Бул без поставено време 3