Денес, на иследниците на скијачката несреќата, при која беше сериозно повреден Седумкратниот Ф1 Шампион, Михаел Шумахер, им била доставена камера која била прицврстена на скијачката кацига. Наводно, полицијата не сакала да го коментира постоењето на камерата без договор со неговото семејство.
Францускиот весник "Dauphine Libere" тврди дека Шумахер, на денот на несреќата, скијал со камера на неговата кацига, но дека се уште не е познато дали таа била вклучена при фаталниот спуст. Истиот весник, објави дека иследниците денес го испитувале и Мика, 14-годишниот син на Михаел Шумахер, за кој се претпоставува дека во тој момент скијал заедно со својот татко и еден друг пријател.
Германецот се наоѓа во кома, а денес го прослави и неговиот 45 роденден. Несреќата се случи во неделата, во францускиот скијачки центар Мерибел, а лекарите од Универзитетската болница во Гренобл се борат за неговиот живот.
ШУМАХЕР МОЖЕБИ ЈА СНИМИЛ СОПСТВЕНАТА НЕСРЕЌА?!?
1/04/2014 12:28:00 AM
Tags
Share to other apps