"Ние одлучивме дека присуството на 2014 Херез тест сесијата не е идеално за нашата развојна програма на Е22. Ние најверојатно ќе го презентираме нашиот болид неколку дена пред почетокот на втората тест сесија за оваа сезона која ќе се одржи во Бахреин, каде ние ќе имаме навистина репрезентативни услови за да го видиме потенцијалот на новиот болид."Од тимот на Ферари стигнуваат подбори вести дека тие планираат да го презентираат новиот болид за 2014 година непосредно пред почетокот на тест сесијата во Херез, а Кими Раиконен прв ќе го почуствува адутот на тимот од Маранело, со кој ќе атакуваат на годинешните титули.
Болидот на Ферари, кој своето официјалното име ќе го добие од страна на фановите на овој Италијански тим, преку интернет анкета, речиси сигурно ќе биде презентиран на 23 или 25 Јануари.
Џорџо Пиола, добро познат Формула 1 технички илустратор, смета дека Ферари одлучил да се врати на поконвенционалната pushrod амортизација, со тоа напуштајќи ја својата "иновативна" pullrod амортизација користена на болидите од 2012 и 2013 година. Ферари веќе наголемо ги тестирал сите нови 2014 електрични и системи за обновување на енергијата на шасијата од 2011 болидот.