Се надеваме дека ќе ви се допадне оваа статија, која би можела да премине во редовна рубрика, во која во кратки црти ќе ги опишеме очекувањата и размислувањата на сите возачи пред секоја трка. Па, еве ги главните поенти по редослед на стартување на Кинеското Гран При, кое започнува во 09:00 часот по македонско време.
Луис Хамилтон се надева на сува трка во која ќе може да ги искористи предностите на W05. Кај него има мала доза на сомнеж, како би се однесувал болидот на суво, по промените после петочните тренинзи кои не биле тестирани во пракса.
Даниел Рикиардо повторно го победи својот тимски колега, па најверојатно примарна цел ќе му биде да остане пред Себастијан Ветел. Задоволен е од адаптацијата во клубот, а тоа според него покажуваат и резултатите. Според него, Ред Бул уште малку треба да поработи за да го стигне најбрзиот тим во овој момент.
Себастијан Ветел го пофали Австралијанецот за одличната работа што ја прави во тимот, и потенцираше дека тие се во најдобра позиција да го загрозат Мерцедес, доколку им се укаже шанса за тоа.
Според Нико Розберг четвртата стартна позиција не е катастрофа. Тој бил брз во петокот на подготовките за трката, па се уште е убеден дека има реални шанси за победата.
Фернандо Алонсо, исто така, верува дека Ф14 Т подобро се однесувал на сув асфалт, стартува блиску до водечките и ако успее да се задржи до нив, можен е пласман на подиумот. Стартот е од особено значење кој треба да помине без дуели, кои може да го оштетат болидот. Далеку е од борба за Победата, но прават се за да се доближат до водечките.
Фелипе Маса и Валтери Ботас стартуваат еден до друг, а од двајцата стигнуваат многу слични најави. Се согласуваат дека болидот се подобрил на влажно време, но сепак дека е подбро трката да помине без дожд, во кој случај би можеле да имаат добра трка и да напредуваат низ поредокот. Само да не заглават во борба еден со друг, бидејќи кај нив ништо не се знае.
Нико Хулкенберг вели дека е секогаш добро да се стартува од Топ 10 пласман, и напоменува дека главна улога би можело да биде грејнингот на гумите, кој ќе ја направи трката поинтересна. Тој е еден од возачите кој посакува сува трка да може да напредува во поредокот.
Жан-Ерик Верн верува на временската прогноза дека ќе имаме сува трка, што е многу подобро на болидот на Торо Росо. Ќе даде се од себе да направи
добар старт и од деветтата позиција на патеката, да собере што повеќе поени.
Роман Грожан верува дека првиот пласман во топ 10 е вистински пказател на брзината на Е22 и се надева дека и на утрешната трка ќе останат меѓу најбрзите десет болиди.
Кими Раиконен ќе се обиде со неконзистентниот Ф14 Т да има добра трка и собере што може повеќе поени.
Џенсон Батон за лошиот пласман го обвини дождот и недостатокот на потисна сила во такви услови. Очајно посакува сува трка во текот на утрешниот ден, како би имал шанса да направи нешто повеќе.
Дањил Квјат е разочаран од денешните квалификации и само се надева на добра трка, без многу очекувања.
Адријан Сутил изјави дека се коцкале и дека болидот е подесен за влажна трка, па ако дождот ја одмине патеката во Шангај, тие ќе имаат една многу тешка трка.
Кевин Магнусен е многу разочаран од денешните перформанси, и не може да го посочи точниот проблем со болидот на Мекларен. Верува дека вредат повеќе од 15-тата позиција, и дека се надева на голем напредок низ поредокот на утрешната трка.
Серџо Перез денес на квалификациите никако не можел да ги донесе гумите на нивната посакувана работна температура, па имал потешкотии да остане на патеката. Ако трката биде сува се надева да надомести колку што може да се спаси.
Естебан Гутиерез за да има добра трка, треба да има конзистентен болид, кој го немал досега низ викендот. Се надева на подобри времиња кога ќе бидат воведени нови делови на болидот за трката во Шпанија.
Камуи Кобајаши и Жил Бјанки изјавија дека имале добра борба на денешните квалификации, а Јапонецот успеал да излезе како победник по малата грешка на Французинот. Катерам и Марусија водат своја борба која е многу незвесна и носи 10 милиони долари на крај од сезоната за победникот.
Маркус Ериксон и Макс Чилтон ќе ја чекаат својата шанса во сенка на дуелот на своите тимски колеги. Додуша знаеме дека на Макс Чилтон не му важно местото, туку да заврши што повеќе кругови.
Пастор Малдонадо по проблемите со ПЕ на Рено не успеа да ги стартува денешните квалификации, ќе стартува последен, а со тоа и неговата казна од 5 стартни места изгуби смисла. Од него може се да се очекува на трката, само се надеваме дека заврши со камиказа потезите за оваат сезона.
2014 КИНА ГП: KOJ, KAKO, ШТО ОЧЕКУВА ОД УТРЕШНАТА СТРАНА
4/19/2014 10:27:00 PM
0
Share to other apps