"Денес имавме тешки квалификации, но јас навистина уживав. Дефинитивно е најголема сатисфакција да се дојде до Пол позицијата во овие влажни услови, бидејќи патеката беше толку лизгава и требаше да се најде грип за да се состави добар и брз круг. Болидот се однесуваше одлично и тимот направи фантастична работа во текот на викендот."
"Нашите ривали се поблиску до нас во влажни услови, па ние се надеваме дека утре ќе имаме сува трка, за да ги искористам нашите предности. Ние одиме во трката малку неподготвени, бидејќи откако јас имав проблеми во петокот, ние направивме многу промени на болидот и јас се уште немав можност да ги испробам на суво. Се чувствував прилично добро на влажното време, па јас се надевам дека ќе ја конвертирам Пол позицијата во силна трка."