Нико Розберг: "Фантастично е да се биде на Пол позицијата тука во Бахреин. Јас навистина уживам на патеката, каде ја освоив мојата Шампионска титула во ГП2 Шампионатот, а тоа се прилично посебни спомени за мене. Имавме добар викенд досега и јас бев во можност да го подобрувам моето темпо за време на тренинг сесиите, па се надевав за добри квалификации. Многу е тешко да се добие перфектен круг со сите нови технологии и поставки на болидот, но јас се чувствував навистина удобно оваа вечер и бев во можност да комплетирам неколку добри круга. Со нетрпение ја очекувам утрешната трка, бидејќи имав добро темпо при долгите стинтови, но ние ќе треба да бидеме внимателни со деградација на гумите."
Луис Хамилтон: "Втората позиција е прилично добра за нас. Направив грешка при мојот последен круг, но одлично е за тимот да ги имаме двата болида на првиот ред. Тие направија фантастична работа овој викенд со подесувањето на болидот, во што помогнаа и тест сесиите кои се одвиваа тука, на оваа патека. Болидот се однесуваше добро, но јас дефинитивно се чувствував поудобно во тренинзите отколку што тоа беше случај оваа вечер во квалификациите. Јас не сум сигурен зошто, но ќе ги прегледаме добиените податоци, да видиме дали има нешто што може да се идентификува пред утрешната трка. Честитки до Нико, тој направи одлична работа досега и забележа навистина брз круг во квалификациите. Јас сум среќен што мојот тимски колега е на Пол позицијата, а не некој друг!"
Даниел Рикиардо: "Денес беше убаво, утре ќе биде помалку убаво со казната од десет стартни места, но јас бев навистина среќен со квалификациите. Мислам и низ сите сесии, бев задоволен со моите перформанси и на двете смеши на Пирели. Можеби заштедивме еден сет на гуми во споредба со другите, така што тоа е добро, и се надевам дека ќе ми помогне да напредувам низ поредокот. Денес го направив најдобро што можев, па јас сум задоволен и мислам дека Себ и јас ќе дадеме се од себе за да имаме добра трка."
