Во Шпанија, Пирели ќе ги донесе Портокаловите тврди и Белите медиум гуми, двете најтврди гуми во нивната палета. Патеката е позната по високо-енергетска оптовареност на гумите, додека амбиенталната температура, исто така, може да има забележливо влијание на Шпанското ГП. Асфалтот е доста груб и гумите на левата страна на болидот ќе бидат повеќе оптеретени.
За Монако и Канада, улична патека и полу-постојан објект соодветно, ќе се користат двете најмеки смеши Жолтите меки и Црвените супер-меки гуми.
Монако е најбавната патека во календарот, многу кривулеста, но со мазен асфалт, а брзината зависи од механичкиот грип на гумите. Овие карактеристики ја прават оваа патека совршено место за 2014 деби на супер-меките гуми, кои брзо се загреваат, во комбинација со меките гуми.
Во Канада, исто така, имаме патека на која е важен механичкиот грип, а трката често се одржува на пониски температури. Како резултат на тоа, меките и супер-меките гуми, повторно се идеален избор. Тракцијата и сопирањето се главните карактеристики при еден круг во Монтреал.
Изборот на Пирели:
| ТРКА | СУПЕР-МЕКИ | МЕКИ | МЕДИУМ | ТВРДИ |
| АВСТРАЛИЈА | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА | ||
| МАЛЕЗИЈА | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА | ||
| БАХРЕИН | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА | ||
| КИНА | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА | ||
| ШПАНИЈА | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА | ||
| МОНАКО | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА | ||
| КАНАДА | СЕКУНДАРНА | ПРИМАРНА |

