Меѓународната патека Шангај е како динамичен пејзаж, со својата огромна главна трибина и елиптичен Падок клуб, кој е преплетен со многу мостови, и со сигурност може да се каже дека е една од најубавите патеки во Ф1 Шампионатот. Сместувачките капацитети на тимовите се поставени така за да личат на "Шанг" кинеската буква, што значи "високо". Патеката се наоѓа во индустриска зона до неколку фабрики во кои се произведува цемент, што доведува до висока концентрација на честички прашина во воздухот. Тоа би можело да влијае на ПЕ и нивото на абење на гумите.
Првиот комплекс кривини на оваа патека е еден од најтешките во Ф1 Шампионатот и потребен е прецизен пристап и излез од нив. Започнува со вртење од 270 степени кон десно кое бара агресивен влез, кочење при целата кривина, за да на крај следи ненадејна промена на насоката. По оваа кривина следува серија на брзи кривини повторно правец и уште еден сет на кривини слични на тие од број 1 до 3, но во обратна насока. Следува уште еден долг правец кој завршува со кривина од 180 степени, принудувајќи ги возачите да кочат од 315 до 65км/ч. Тоа воедно е едно од најдобрите места за претекнување. Неговата должина од 1300 метри е место каде би можеле да го видиме максималниот број на вртежи и целосниот потенцијал на 2014 погонските единици.
Минатата година, исто како и оваа, за Кинеското Гран При, Пирели ги носи медиум и меките гуми. На победникот во трката, Фернандо Алонсо, му требаа три пит-стопа за првото место, а трката ја започна со меките гуми и потоа следуваа три стинта на медиум гумите. Но, ова е патека каде што покрај добрата стратегија и избор на гуми, голема улога играат добриот сет-ап и перформансите на болидот. Оваа сезона, барем на почетокот, ретко кој тим може да се пофали со комплетен пакет, секако освен Мерцедес АМГ, тимот кој е фаворит број 1 за Победата и на оваа трка. Дали сме во право ќе дознаеме во Недела во 09:00 часот.
Оптоварување на составните делови на погонската единица
| Мотор | 4 |
| MGU-K | 3 |
| MGU-H | 4 |
| Акумулатор | 3 |
| Потрошувачка на гориво | 3 |
| ERS-систем | 3 |

