ФИА Меѓународниот Апелационен суд денес и по шест-часовното сослушувањето во седиштето на оваа организација не можеше да донесе одлука по жалбата на Ред Бул, за дисквалификацијата на Даниел Рикиардо од Австралиското Гран При, каде тој го освои второто место. Одлуката треба да биде објавена најдоцна до утре наутро, а образложенито на одлуката ќе биде објавено до крајот на оваа недела. Австралијанецот беше дисквалификуван кога стјуардите одлучија дека неговиот болид ги прекршил новите прописи за протокот на гориво.
Update: 15,04,2014: Судот, откако ги ислушна сите странки и ги испита нивните поднесоци, одлучи да се придржува на Одлуката со бр.56 на стјуардите, со која што тие решија да го исклучат болидот на Ред Бул со бр.3 од резултатите на 2014 Австралиското Гран При.
Ред Бул ја прифати пресудата на Меѓународниот Апелационен суд. Се разбира, тие се разочарани од исходот, бидејќи веруваа дека имаат многу силни докази. Од Ред Бул веруваат дека биле почитувани сите техничките прописи во текот на 2014 Австралиското Гран При. Ред Бул се извинува на Даниел Рикиардо што нема да му бидат доделени 18 поени од настанот, за кои сметаат дека наполно ги заслужува. Тие ќе продолжат да работат многу напорно, за да освојат што е можно повеќе поени за тимот во текот на сезоната. Целиот свој фокус сега го насочуваат кон подготовките за Кинеското ГП кое следува овој викенд.
ТЕШКА ОДЛУКА ЗА ДИСКВАЛИФИКАЦИЈА НА РИКИАРДО
4/14/2014 08:40:00 PM
0
Tags
Share to other apps

