"Постојат посебни моменти кои доаѓаат во професионалната кариера на сите, кога некој треба храбро да донесе тешки и многу агонизирачки одлуки", рече Доменикали, во соопштение за веб страницата на Ферари.
"Сега е време за значајни промени. Како тимски шеф, јас ја преземам одговорноста, како и секогаш, за нашата актуелна ситуација. Оваа одлука е донесена со цел да се направи нешто за да се размрдаат работите во тимот и за доброто на оваа група на луѓе кои ги чувствувам како моја фамилија. Од срце, им благодарам на сите мажи и жени во тимот, возачите и партнерите за прекрасните моменти во текот на сите овие години."
"Се надевам дека многу скоро, Ферари ќе се врати таму каде што заслужува да биде. Конечно имам само зборови на благодарност до нашиот претседател и на сите наши фанови поради тоа што секогаш ме поддржуваа. Јас само жалам што не бевме во можност да жнееме успеси по нашата многу напорна работа во последниве години."
Ферари објави дека, почнувајќи од денес, го назначиле Марко Матиачи, актуелниот претседател и извршен директор на Ферари Северна Америка, како негова замена.
При прифаќањето на оставката на Стефано Доменикали, претседателот на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, рече:
"Му благодарам на Стефано Доменикали, не само за неговата постојана посветеност и напорна работа, туку, исто така и за големото чувство на одговорност што тој го покажа, дури и денес, што секогаш ги ставаше интересите на Ферари над сите други. Јас секогаш го почитував и гледав како се издигнува на професионален план во последните дваесет и три години на заедничка работа. Сега, јас му посакувам успешна иднина, а воедно сакам да му посакам се најдобро на Марко Матиачи, за кого знам дека е високо ценет менаџер и кој ја познава нашата компанијата многу добро. Тој го прифати овој предизвик со ентузијазам."

