Денес во раните утрински часови, Најџел Степни, поранешниот шеф на механичарите на Ферари, кој стана познат на пошироката јавност во шпионскиот скандал од 2007 година, загина во сообраќајна несреќа. Степни имаше 56 години, инцидентот се случил во Велика Британија, во Кент. Најџел бил застанат со својот автомобил покрај патот, кога бил удрен од друг автомобил. Полицијата ги испитува околностите на инцидентот.
Степни е роден во Англија, а својата кариера во Формула 1 ја започна во тимот на Шедоу,за да продолжи во Лотус, каде што работи со Аиртон Сена. Потоа, следува Бенетон и својата кариера ја заврши во Ферари, каде допринесува за успесите на Михаел Шумахер. Фановите го паметат и по заработената скршеница на ногата за време на пит-стопот за време на 2000 Шпанија ГП. Имаше неславен крај во Италијанскиот тим по познатиот шпионски скандал кога тој беше обвинет за пренесување на доверливи информации на главниот дизајнер на Мекларен, Мајк Кофлан. На крајот од 2010 година беше казнет со 600 евра и 20 месеци затвор.
Тој се врати во мотоспортот во улога на технички директор на JRM тимот, со кој ја освои титулата во FIA GT.
НАЈЏЕЛ СТЕПНИ, ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МЕХАНИЧАРИТЕ НА ФЕРАРИ, ЗАГИНА ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА
5/02/2014 07:19:00 PM
0
Tags
Share to other apps

