Формула 1 се враќа во Европа за она што е традиционално клучна трка од сезоната - Шпанското ГП. Патеката е добро позната на сите тимови и тие често ја користат за да се воведат значителни надградби на болидите, со цел да се подобри ефикасноста и да се зголеми потисната сила. Барселона е една од најнапорните трки од гледна точка на гумите, па како резултат на тоа, Пирели ќе ги донесе своите две гуми со најтврдите смеши од 2014 палетата.