Хамилтон ја губи психолошката војна со Нико Розберг. Како по обичај почна со изнесување на приватните работи на Мерцедес АМГ тимот.
По неговите изјави кои ги пренесоа агенциите дека судирот бил намерен, се појави потреба да излезе Тото Волф со демант на оваа изјава на Британецот.
Тото Волф: "Нико чувствувал дека е потребно да ја задржи својата линија. Според Луис, тој не требало да биде возачот што ќе внимава во овој дуел. Тој инсистира дека оставил доволно простор, а според Нико, Луис не му оставил доволно простор. Така да тие се согласија дека не се согласуваат меѓусебно во многу жестока дискусија, но дека тоа беше намерен судир е нонсенс. Тоа е глупост."
ЛУИС ХАМИЛТОН ПОЛУДЕ, ПСИХОЛОШКАТА ИГРА НА РОЗБЕРГ ГО ИЗЛУДЕ
8/24/2014 09:56:00 PM
0
Share to other apps