Формула 1 карванот овој викенд продолжува со само девет тимови и 18 болиди кои ќе се борат на патеката во Остин, најмал број на болиди од 2005 година. Како резултат на тоа стјуардите одредени за трката во Америка го променија вообичаениот формат на квалификациите.
Наместо шест болиди кои испаѓаа во Q1 и Q2 соодветно, сега само по четири возачи ќе ги напуштаат квалификациите на крајот од почетните две сесии, за да најбрзите десет возачи се борат за Пол позицијата во Q3 сесијата.
"Според член 11.9 од меѓународниот спортски кодекс, и имајќи ги во предвид принципите утврдени во Член 33.1 од Формула 1 Спортските прописи, стјуардите одлучија дека на најбавните четири болиди во Q1 ќе им биде забрането понатамошно учество во квалификационата сесија, како и на најбавните четири болиди во Q2 сесијата."
2014 АМЕРИКА ГП: ИЗМЕНЕТ ФОРМАТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
10/31/2014 12:06:00 AM
0
Share to other apps