Ферари со нов тимски шеф, Маурицио Аривабене ќе го замени Марко Матијачи, кој доби отказ по само осум месеци од пристапувањето на Ф1 тимот на Скудерија. Аривабене доаѓа од редовите на нивниот долгогодишен спонзор Филип Морис, каде што беше заменик-претседател на Marlboro Global Communication
and Promotions од 2007 година. Оваа смена е со непосреден ефект, по наредба на новиот претседател на Ферари Серџо Маркионе.
"Решивме да го назначиме Маурицио Аривабене затоа што, во овој историски момент за Скудерија и за Формула 1, потребено ни е лице со темелно разбирање не само на Ферари, но исто така и на механизмите за управување и барањата на овој спорт. Маурицио има големо и вредно искуство, тој е исклучително близок до Скудерија многу години и, како член на Ф1 комисијата, е мошне свесен за предизвиците со кои се соочуваме. Тој е постојан извор на иновативни идеи фокусирани кон ревитализација на Формула 1."
"Неговото раководно искуство на високо сложениот и тесно регулиран пазар е, исто така, од големо значење, и ќе му помогне во управувањето и мотивирањето на тимот. Ние, исто така, би сакале да му се заблагодариме на Марко Матијачи за неговата работа во Ферари во последните 15 години и ние му посакуваме се најдобро во неговите идни потфати."
МАУРИЦИО АРИВАБЕНЕ - НОВ ТИМСКИ ШЕФ НА ФЕРАРИ
11/24/2014 01:47:00 PM
0
Share to other apps