Најбрзите денес, тимот на Вилијамс, имале многу напорен ден при кој претежно ги тестирале гумите на Пирели за следната година. Задните нивни супер-меки гуми имаат нова конструкција и нови смеши. Тимот, исто така, тестираше неколку системи за FW37, кои се покажале успешни. Комплетната предвидена програма била спроведена како што било планирано и со нетрпение се очекува утрешниот последен тест ден, кога со болидот ќе управува Фелипе Наср.
Денес беше историски ден за Мекларен и Хонда, првиот вистински тест за Хонда ПЕ на привремената шасија MP4-29H/1x1, развиена за тестирање на новите Хонда V6 турбо мотори. Поради проблеми со електрониката болидот го помина утринскиот дел од сесијата во гаражата, за да излезе на патеката веднаш по паузата за ручек, со тест и развојниот возач на Мекларен, Стофел Вандорн, кој забележа само неколку инсталациски кругови, без поставено време. Неколку пати застануваше на патеката, предизвикувајќи црвено знаме. Тимот се надева дека ќе комплетира повеќе кругови во текот на утрешниот ден, постепено зголемувајќи ја моќта на ПЕ, пред првата сериозна тест сесија за нив која ќе се одржи на почетокот на Фебруари, 2015 година, во Херез.
Мерцедес АМГ ја започна финалната тест сесија за 2014 година со Нико Розберг зад воланот на W05-Хибрид. Неговото најдобро време го стави на третото место на табелата со рекоден број на комплетирани круга, 114, т.е. поминати 1277 км., најмногу помеѓу сите Ф1 тимови. Нивната програма се фокусирала на аеро тестирање, 2015 гумите на Пирели, проверки на системите и подесување на болидот. Пробани беа и неколку нови делови за 2015 сезоната. За разлика од неделната трка неговиот болид работеше без проблеми во текот на целиот ден.
Тимот на Ред Бул, како резултат на освоената Титула во Формула Рено 3.5, му овозможи на Карлос Саинц Јуниор да го вози нивниот Ф1 болид на Јас Марина патеката. Најмладиот победник во тој шампионат комплетираше импресивни 100 круга зад воланот на RB10 и го забележа петтото најбрзо време на денот. Како и кај повеќето Ф1 тимови добиени се вредни податоци за 2015 гумите на Пирели, а тестиран бил и надградениот софтвер, како и некои делови планирани за следната сезона. Во текот на утрешниот ден болидот ќе го превземе Даниел Рикиардо.
Кими Раиконен беше зад воланот на F14 T на првиот тест ден за тимот на Ферари. Во утринските часови, се работеше на фино подесување на неколку различни аеродинамички и механички конфигурации, концентрирајќи се на подесувањето на болидот. Попладневната програма се состоеше од серија на кратки и долги стинтови, при што инженерите работеле на управување со одделните системи, како и евалуација на 2015 верзијата на Пирели гумите. Тестирањето продолжува утре, а тест должностите ќе ги има Рафаеле Марсиело, член на Академијата на возачи на Ферари, кој ќе го има своето деби зад воланот на F14 Т.
За тимот на Лотус Ф1, Чарлс Пик го отвори првиот ден од Абу Даби тест сесијата со комплетирање на одлични 89 круга, во текот на кои се собирале податоци за аеродинамиката, како и евалуација и споредба помеѓу гумите на Пирели за 2014 и 2015 година. Сето ова со цел за што подобро припремање на болидот за следната година, кој ќе ја има ознаката E23-Hybrid. Утре, на последниот ден од тестирањата за 2014 година, во предпладневната сесија ќе вози Естебан Окон, а попладнето болидот ќе го преземе Алекс Лин на последниот ден од тестирањето за 2014 година.
Макс Ферстапен два дена ќе тестира за Торо Росо, каде го обезбеди возачкото место за следната 2015 сезона. За жал, во утринските часови помина малку време на патеката поради проблеми со суспензијата, која предизвика негово излетување при 19-от свиок и судир со бариерите. Болидот беше оштетен и механичарите на Торо Росо го поправаа цело утро, за да се врати на патека во попладневниот дел од сесијата, кога се споредувале 2014 и 2015 гумите на Пирели при долги стинтови. Добиени се многу податоци, но за нив останува уште многу да се направи во текот на утрешниот ден.
Џолион Палмер го имаше своето деби во Формула 1 болидот на Форс Индија, аво тимот се импресионирани од неговиот пристап кон работата, особено неговата комуникација со инженерите. Утринскиот дел од сесијата е искористен за собирање на Аеро податоци, кои би требало да дадат некои корисни информации за дизајнот на болидот за следната година. Пред паузата за ручек имаа проблеми со ПЕ на Мерцедес, па поголемиот дел од денот го преседоа во гаражата. Болидот беше оспособен за да се врати на патеката во последниот час од сесијата за да му даде можност на Палмер за поголема километражата.
Тимот на Катерам и покрај неизвесната иднина, ја спроведоа нивната планирана прогама, со рукито Вил Стивенс како тест возач за денес. Тој беше меѓу возачите кои комплетираа над 100 круга, обезбедувајќи ги своите инженери со вредни информации, истовремено стекнувајќи непроценливо искуство. Непроблематични денови како овие се секогаш она на што инженерите се надеваат, па истото го посакуваат и за утрешниот ден.
АБУ ДАБИ ТЕСТ СЕСИЈА, 1 ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Валтери Ботас Вилијамс 1:43.396 80
2. Кими Раиконен Ферари 1:43.888 + 0.492 81
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:44.512 + 1.116 114
4. Џолион Палмер Форс Индија 1:45.516 + 2.120 37
5. Карлос Саинц Ју. Ред Бул 1:45.339 + 1.943 100
6. Вил Стивенс Катерам 1:45.436 + 2.040 102
7. Чарлс Пик Лотус 1:46.167 + 2.771 89
8. Маркус Ериксон Заубер 1:46.487 + 3.091 95
9. Макс Ферстапен Торо Росо 1:47.194 + 3.798 55
10. Стофел Вандорн Мекларен без поставено време 3
Вториот ден од тест сесијата беше копија на првиот, без некои поголеми промени во тоа што тестираа тимовите, со истите проблеми и програми. Најголемо разочарување за тимот на Мекларен и Хонда, кои не успеаа да соберат ни малку од податоците кои ги планираа, поради "гремлините" кои ја попречуваа работата на комплексниот систем на електроника.
АБУ ДАБИ ТЕСТ СЕСИЈА, 2 ДЕН
П. ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Паскал Верлајн Мерцедес АМГ 1:42.624 96
2. Рафаеле Марчело Ферари 1:43.208 + 0.584 91
3. Макс Ферстапен Торо Росо 1:43.763 + 1.139 78
4. Маркус Ериксон Заубер 1:44.551 + 1.927 112
5. Вил Стивенс Катерам 1:44.888 + 2.264 76
6. Ричард Годард Форс Индија 1:44.944 + 2.320 89
7. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:45.151 + 2.527 88
8. Фелипе Наср Вилијамс 1:45.937 + 3.313 83
9. Алекс Лин Лотус 1:46.168 + 3.544 52
10. Естебан Окон Лотус 1:47.013 + 4.389 34
11. Стофел Вандорн Мекларен без поставено време 2