Маурицио Аривабене, новиот тимски шеф на Скудерија Ферари сериозно си ја свати својата работа и во рок од неколку дена од неговото пристигнување во Маранело го преструктуира тимот со јасна распределба на одговорностите. Италијанскиот тим ќе го напуштат Никола Томбазис и Пат Фрај. Џејмс Алисон е назначен за технички директор и ќе биде одговорен за сите технички аспекти за правење на најконкурентен болид за Кими Раиконен и Себастијан Ветел, како и новоименуваниот тест и трет возач, Естебан Гутиерес.
Исто така, Формула 1 активностите на Скудерија ќе бидат менаџирани од страна на Масимо Ривола, додека GT и Corse Clienti шампионатите ќе бидат раководени од страна на Антонио Колета. Академијата на млади возачи и понатаму ќе биде раководена од страна на Лука Балдизиери, кој директно ќе одговара на новиот тимски шеф.
Покрај тоа, Аривабене ќе раководи со новоформираниот оддел за реклами. Ренато Бисињани, кој до сега беше на чело на Прес-службата на Скудерија Ферари, ќе се приклучи на новиот оддел како маркетинг менаџер. На негово место во прес-службата на Скудерија доаѓа Алберто Антонини, искусен Формула 1 новинар и дописник на многу Италијански весници и списанија, како и телевизиски коментатор на РАИ и Скај Италија. Антонини, исто така, ќе биде задолжен за новоформираниот Скудерија Ферари дигитален тим.
МАУРИЦИО АРИВАБЕНЕ НАСТАПИ ЖЕСТОКО ВО ТИМОТ НА ФЕРАРИ
12/17/2014 02:19:00 PM
0
Share to other apps