Мекларен-Хонда конечно ја објави својата возачка постава за 2015 година - Фернандо Алонсо и Џенсон Батон. Одлагањето беше поволно за Британецот, но и Кевин Магнусен останува дел од тимот, како тест и резервен возач.
Сите тројца возачи треба да одиграат клучна улога во повторно градење на надмоќта на едно од најпознатите Формула 1 партнерства помеѓу Мекларен и Хонда.
Хонда го имаше најефикасниот Ф1 мотор од турбо ерата кој беше познат по својата издржливост и ефикасност и во периодот од 1988 и 1992 година, Мекларен-Хонда освои 8 Титули со 44 Победи, 53 Пол позиции и 30 најбрзи кругови во само 80 трки.
Во 1988 година, ова партнерство го создаде веројатно еден од најуспешните болиди на сите времиња - Мекларен-Хонда MP4/4, кој на Аиртон Сена и Алан Прост им донесе неверојатни 15 Победи во сезоната од 16 трки.
Почетокот на новата ера во овој Британски тим, ќе се базира на зборовите на својот најуспешен возач, Аиртон Сена кој во една прилика рече: "Нам не ни требаат митови. Нам ни требаат примери кои треба да се следат, примери на храброст, решителност и надеж. Ние треба да веруваме дека е можно да се победи, а наша должност е да го исполниме тоа верување."
Сите во Мекларен, како и во Хонда, се согласуваат со секој збор на оваа инспиративна изјава, почнувајќи од нивната старо-нова аквизиција Фернандо Алонсо.
"Никогаш не сум ја криел мојата длабока почит за Аиртон Сена, мојот омилен возач, мојот идол на патеката, мојата референца. Јас уште се сеќавам, на постерите од моето детство, моите болиди играчки, време кога сонував дека еден ден ќе го повторам успехот на Аиртон. Првиот картинг што татко ми го изгради за мојата постара сестра, и во кој јас се заљубив, беше обоен во боите на едно од најлегендарните партнерства во историјата на Формула 1, Мекларен-Хонда, исто партнерство на кое сега имам чест да се приклучам"
"Јас се приклучив на овој проект со огромен ентузијазам и одлучност, знаејќи дека тој може да одземе време за да ги постигнеме резултатите што се наша цел , што не е некој проблем за мене. Во текот на изминатата година добив неколку понуди, некои од нив многу примамливи, со оглед на сегашните перформанси на некои од тимовите кои покажаа интерес. Но, пред повеќе од една година, Мекларен-Хонда контактираше со мене и ме замоли да учествувам на многу активен начин, во кам-бекот на партнерството што доминираше во Формула 1 долго време."
"Oтворенo искажаната желба, нивната упорност и одлучност се дел од главните фактори кои ме натераа да се приклучам на возобновувањето на ова партнерство, не заборавајќи го најважните фактори, кои што ги делиме со сите членови на Мекларен-Хонда, желбата за Победи и Упорноста, што е многу солидна база за градење на иднината со чекорење само напред. Јас имам намера да дадам 100% од себе и се што е во моја моќ да ги постигнеме посакуваните резултати за нашиот тим, врз основа на формулата според која секогаш работам: труд, пожртвуваност, истрајност и вера. Имаме време, имаме надеж, а ние ги имаме и сите потребни ресурси. Да ја вратиме легендата, тоа е нашиот предизвик".
Џенсон Батон:
"Многу сум возбуден за мојата 16-та година во Формула 1 и мојa шеста сезона во Мекларен. Како и Фернандо, и јас сум сигурен дека Мекларен и Хонда ќе постигнат големи работи заедно, и јас сум сигурен дека, работејќи заедно, сите ние ќе дадеме се од себе за да се создаде ефикасен и победнички тим."
"Јас му се восхитувам на Аиртон Сена, но, за мене како дете, најголема инспирација беше неговиот тимски колега од Мекларен-Хонда, Алан Прост и јас се обидов да го имитирам неговиот стил на возење."
"Да се биде дел од новиот изглед на Мекларен-Хонда е прекрасна можност за сите нас, и јас сум многу задоволен сум поканет да допринесам за тимот. Всушност, јас сум апсолутно восхитен. Многу сум среќен што Кевин ќе остане дел од тимот. Тој е многу брз возач и навистина добар дечко. Од 2003 до 2008 година возев Ф1 болиди придвижувани од Хонда, па имам огромна почит и восхит за нив. Последно, но далеку од најмалку важно, јас со нетрпение очекувам да имам за тимски колега еден возач, брз и искусен како што е Фернандо. Сигурен сум дека ќе работиме многу добро заедно."
Рон Денис, претседател и главен извршен директор на Мекларен, рече:
"Јас сум апсолутно воодушевен да бидам човекот што ќе го води Мекларен во една нова ера на партнерство со Хонда, со желба и страст за Победи. Што се однесува до возачите, политиката на Мекларен е да се има што е можно најсилната возачка постава, и со Фернандо и Џенсон јас цврсто верувам дека тоа е токму она што го имаме."
"Потпишавме со Фернандо пред подолго време, но ние одлучивме да не го објавиме тоа, додека ние, исто така, не потпишавме повторно со Џенсон како негов тимски колега. Имаше многу причини што нашите преговори со Џенсон зедоа доста долго време, но, сега, кога тие се завршени, ние сме убедени дека нашата соработка со него ќе продолжи да напредува, исто како и во минатото. Како еден пар, тој и Фернандо се многу искусни. Фернандо има 234 Ф1 трки зад себе, со 32 Победи, 97 пласмани на Подиумот и Две Шампионски Титули. Тој е класа возач.
Има 33 години, што за еден спортист, физички способен како што е тој, претставува најдобрата возраст за Формула 1 возач. Тој е доволно стар за да биде искусен и стручен, но сепак доволно млад за да биде ентузијаст и енергичен. Затоа, јас цврсто верувам дека овие негови четири карактеристики, искуство, стручност, ентузијазам и енергија ќе донесат успех за Мекларен-Хонда."
"Што се однесува за Џенсон, кој има 34 години, е подеднакво физички спремен како Фернандо, но дури и поискусен со 266 Ф1 трки зад себе, 15 Победи, и 50 пласмани на Подимот. Тој, исто така, е поранешен Ф1 шампион и е еден од најпаметните и најбрзи возачи на гридот. Јас можам слободно да кажам дека ние ја имаме една од најдобрите возачки постави во Формула 1 Шампионатот. На крајот, сакам да му се заблагодарам и да му оддадам почит на Кевин, кој направи одлична работа во оваа сезона и ќе продолжи да биде составен дел од нашиот тим. Тој ќе биде нашиот тест, резервен и трет возач, и има одлични изгледи за иднината."
МЕКЛАРЕН-ХОНДА - ЗАПОЧНА ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА ЛЕГЕНДАТА
12/11/2014 02:18:00 PM
0
Share to other apps