Најмалку два врвни Ф1 тимови ќе влезат во 2015 сезоната со фундаментално различни шеми на бои на своите болиди. Според Ел Мундо Депортиво новите шампиони Мерцедес АМГ имаат намера да се префрлат од сребрената кон хромиран изглед на болидот, слично нешто на огледало. Во извештајот се вели дека специјалната хром боја за 2015 се нарекува "Kromo", и, исто така, ќе бидe доставена и до снабдувачот со бандажи "OZ" за тркалата на W06 болидот.
Според истиот Шпански спортски весник и тимот на Мекларен е подготвен за комплетен редизајн на изгледот на нивниот болид за 2015 година. Мекларен премина кон сребрената боја во 1997 година, во екот на својата соработка со Мерцедес, но сега тие почнуваат нова ера со Хонда. Јапонците не сакаат да се продолжи со сребрената боја, бидејќи таа се поврзува со Мерцедес и "Сребрените стрели".
Постојат гласини дека нивниот болид може да биде портокалов, традиционалната боја на Мекларен за тест сесиите. Исто така, може да содржи и бела боја, како обележје за Хонда, но и бидејќи првиот Мекларен Ф1 болид беше таа со таа боја во 1966 година. Конечниот избор ќе зависи во голема мера од тоа дали Мекларен ќе најде главен спонзор во 2015 година или не. Секако најверојатно во текот на овој месец ќе дознаеме дали овие шпекулации ќе се остварат и во пракса.
2015 ШПЕКУЛАЦИИ: ДВА ВОДЕЧКИ ТИМА СО КОМПЛЕТНО НОВ ИЗГЛЕД
1/06/2015 11:24:00 AM
0
Share to other apps