ФОРС ИНДИЈА ЌЕ ГО ПРОМОВИРА БОЛИДОТ НА 21 ЈАНУАРИ
1/06/2015 12:40:00 PM
0
Форс Индија е првиот Ф1 тим кој го одреди датумот за официјална презентација на 2015 болидот. Настанот ќе се одржи на 10 дена пред првиот од трите зимски тест сесии, кога ќе биде промовиран новиот изглед на болидот по потпишувањето на новиот спонзорски договор со мексиканската компанија "America Movil". Секако новиот болид ќе ги има ознаките и на досегашните спонзори Telmex, Telcel и Claro. Болидот за 2015 сезоната ќе ја има ознаката VJM08. Серџо Перез и Нико Хулкенберг остануваат како возачи на Индискиот тим.
Tags
Share to other apps